|
||||
Анкетите покажуваат дека владата нема никаква поддршка, а премиерот е оценет со недоволен еден |
ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ.
Анкетите јасно покажуваат дека СДСМ ќе доживее катастрофа на престојните избори. Тоа ќе биде исход од нивното катастрофално владеење.
Анкетите покажуваат дека владата и премиерот немаат никаква поддршкa, а Ковачевски е оценет со оценака недоволен еден.
Лошиот рејтинг на оваа влада предводена од Ковачевски е поради криминалните тендери, поради корумпираноста, поради неправдата, поради матните набавки како таа на битумен, поради тоа што имаме една од највисоките инфлации во регионот, поради најнискиот раст на економијата споредено со регионот, поради растечката сиромаштија и урнисаниот стандард.
Владата покаже дека ниту знае, ниту сака да се справува со проблемите на граѓаните.
Функционерите од власта на СДСМ се фрлени само на криминал и лично богатење. Анкетите, кои и самите ги имаат, им покажуваат дека рејтингот им е во слободен пад.
Затоа бегаат од соочување со народот и се обидуваат да се задржат уште некој ден повеќе на власт за некој тендер повеќе.
Согласно анализата на бројките на следните парламентарни избори би излегле од 870 до 875 илјади граѓани. Изведено од измерената процентуална доверба распоредот на гласовите во децимали би бил следен: • ВМРО-ДПМНЕ 355-360 илјади гласови • СДСМ 170-175 илјади гласови • ДУИ 110-115 илјади гласови • Левица 100-105 илјади гласови • Алијанса за Албанците 50-55 илјади гласови • Други 75-80 илјади гласови Потсетување: На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалициии, за која партија би гласале, резултатите се следни? (*на целата популација) • ВМРО-ДПМНЕ 19.7% • СДСМ 9.5% • ДУИ 6.2% • Левица 5.9% • Алијанса за Албанците 2.8% • Други 4.2% • Неодлучиле 22.5% • Одбиле да одговорат 17% • Не би гласале 12.2% На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација) • ВМРО-ДПМНЕ 40,8% • СДСМ 19,6% • ДУИ 12,8% • Левица 12,2% • Алијанса за Албанците 5,9% • Други 8,7% |