Среда, 10 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
ОМД побара извинување од Ескобар за употребата на “северномакедонците”

1osk1

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас на македонците ширум светот со седшите во Вашингтон, во петокот испрати протестно писмо до Стејт Департментот на САД со реакција околу употребата на “северномакедонците” од страна на заменикот државен секретар задолжен за Балканот Габриел Ескобар и побара јавно извинување кон македонскиот народ.

Во петокот за време на прес конференција, Ескобар изјави дека “северномакедонците се Европејци” без да се самокорегира или некој од новинарите да се побуни за време на прес конференцијата. Ескобар е скоро две години на функција и имал ред состаноци со македонски соговорници, вклучувајќи Стратешкиот Дијалог на 2 јуни 2022 година, и сме зачудени дека таква “грешка” би направил.

По потпишување на неуставниот Преспански договор во 2018 година, се почесто меѓународната заедница го користи зборот “северномакедонците,” кој е спротивно на самиот договор, а и навредувачки кон македонскиот народ кој е во мнозинство против Преспанскиот договор.

Користење на зборот “северномакедонците” ја продолжува долгогодишната дискриминација кон македонскиот народ и ги згрозува нашите човекови права внатре и надвор од државата.

ОМД се соочува со овакви примери на дневно ниво и како и досега, така и понатаму секогаш ќе ги корегира ваквите изјави на официјални лица или надписи на медиуми кои погрешно ќе адресираат до Македонската нација и држава.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.