Петок, 12 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Николоски од Тетово: Би сакал да ја поздравам иницијативата „Го сакам Тетово“
2a 2
 
Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово : Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општината Тетово води кон подобра инфраструктура, вложување во екологијата  како и решавање на проблемот со водоснабдувањето
 
Денес сме во Тетово, во посета, прво тука на црквата Св. Кирил и Методиј, а после тоа и да се сретнеме и со луѓето, сите кои што сакаат да поразговараат, во текот на вечерните часови исто така ќе имаме средби.
Би сакал да ја поздравам иницијативата „Го сакам Тетово“ која што овие два дена организира и концерти, којшто се навистина, вчера беа масовно посетени, а очекувам и вечерва да има масовна посетеност. Така што во рамки на овие посети се обидуваме да поразговараме со луѓето за нивното секојдневие, за нивните проблеми. Изборите за советници во Тетово даваат добра можност  да можеме да уште еднаш поразговараме со луѓето и да ги видиме нивните барања и нивните проблеми.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе поделена низ градот Тетово, таму имаме конкретни мерки за подобрување на инфраструктурата, понатака вложување во екологијата пред се во развој на паркови и создавање на голем градски парк, понатака решавање конечно на проблемот со водоснабдувањето и бројни други проблеми со кои што се соочуваат тетовчани. Секако тука се и економските предизвици коишто и не се секогаш во надлежност на советот  да може советот да помага, а овие локални избори мислам дека ќе се и вовед во предвремени парламентарни избори.

Очекувам околу ВМРО-ДПМНЕ да се обединат што поголем број на граѓани да дадат доверба на ВМРО-ДПМНЕ со цел да можат да се реализираат бројни проекти. Ние нема да сме скромни и ќе кажам дека очекуваме да имаме најмалку 6 советници во советот коишто ќе бидат клучни при одредувањето на мнозинството во советот и ќе ја одредат идната патека на градот Тетово и на општината Тетово.

Така што во овие рамки очекувам да се движат и следните девет дена до завршувањето на кампањата и до изборите кои што се на 20 август. Повторувам, мислам дека овие избори ќе се многу значајни и во делот на иницирање на предвремени парламентарни избори, особено во услови на покрај национално понижување кое што се случува на Македонија пред се со бугарскиот договор, веќе извесно економско опустошување. Првите сметки почнаа да стигаат со новите цени, мислам тука на електричната енергија и се далеку поголеми од тие 13% кои што Владата ги најави дека ќе е покачувањето, а за фирмите се зголемени за 300 до 500%, значи за 3 до 5 пати се зголемени цените за електрична енергија. Ако некоја фирма на пример плаќала 5.000 евра за електрична енергија, сега плаќа помеѓу 15 и 25.000 евра за електрична енергија што ги носи фирмите кон колапс и кон возможно затварање на истите, да не зборувам за другите економски проблеми кои што и престојат на Македонија. Така што во такви услови овие избори во Тетово мислам дека се резултатот кој што ќе го покажат ќе бидат силен вовед во предвремени парламентарни избори.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.