Недела, 21 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
УВ НА ВМРО-ДПМНЕ : ЧЕСТИТКИ ЗА ПОБЕДАТА НА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО

1uv1

21 август 2022 година, Тетово, Македонија

Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки за постигнатите резултати на вонредните избори за советници во Советот на општина Тетово. 

Бројот на освоените гласови и советнички места на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 3.332 гласови и 4 советници, наспроти СДСМ и коалицијата 1.953 гласови и 2 советници, со победата на БЕСА со 9.620 гласови и 12 советници, наспроти ДУИ со 8.702 гласови и 11 советници, се сериозен пораз на владината коалиција СДСМ-ДУИ, после минатогодишните локални избори.

Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ смета дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА, ќе формираат стабилно мнозинство во Советот на општина Тетово како значаен политички успех за решавање на локалните проблеми на Тетовчани, откако претходниот советнички состав не успеа да ја усвои завршната сметка на општината после бројни констатирани криминали и недомаќинско работење на претходната локална власт предводена од ДУИ, поради што Советот беше распуштен во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ очекува за претседател на советот на општина Тетово да биде избран носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Ангел Карапетрова. 

Изборните резултати за Совет на општина Тетово покажаа дека парламентарната и владината коалиција СДСМ-ДУИ е двојно делигитимирана и претставува аргумент плус за предвремени парламентарни избори! 

Унија на ветера на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори како прв чекор за излез од економската и политичката криза во државата Македонија, заради избор на Влада која ќе има и легитимитет и капацитет да нуди решенија за сериозните проблеми со кои се соочува секој човек во Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.