|
||||
СЕРИЈАТА „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ ПОЧНА ДА СЕ ОБЈАВУВА НА ЈУТУБ |
Александар Донски помеѓу оригинални римски бисти од трети век на Филип и Александар Македонски (Глиптотека во Копенхаген, Данска, јули 2022 год.) Деновиве на Youtube почна да се поставува документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски. Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност. Првата епизода носи наслов „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ ПО ПАДОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА“ и истата можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=Ip0O1OhXqx8&ab_channel=AleksandarDonskiHistoryChannel Во оваа воведна епизода се претставени докази (историски сведоштва) според кои потомците на античките Македонци останале да живеат во Македонија со векови по уништувањето на античката македонска држава кое се случило во 2 век пред Христа. Ова се важни сведоштва затоа што тие се основа на содржината на останатите епизоди во кои ќе бидат презентирани повеќе десетици културни сегменти (песни, приказни, обичаи, адети и сл.) кои ги имало кај античките Македонци, а се регистрирани и кај Македонците од 19 и 20 век. Според авторот Донски, оваа документарна серија ќе престаува силен удар против повампирената анти-македонска пропаганда од страна на Бугарија и Грција, потпомогната од поедини кругови кај нас, според која денешните Македонци наводно немале никаква врска со античките Македонци. Тој повикува на масовно споделување на линковите со петте епизоди посебно среде меѓународните фактори. Македонска Нација |