Четврток, 25 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Имаме богата влада, а сиромашен народ

1Hristijan Micko

Мицкоски: Имаме богата влада, а сиромашен народ - без план и без да видиме каде отидоа парите нема шанса да поддржиме продолжување на кризната состојба

„Имаме сиромашни граѓани, плаќаат инфлација. А, имаме богата Влада која што договара во четири очи тендери и прогласува кризна состојба за да никој жив не знае како ќе идат парите од Буџетот до ЕСМ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи без да се види каде се потрошени парите од минатата кризна состојба нема да поддржи продолжување на истата.

„Без да видиме каде се потрошени парите, а имаме сериозни индиции за сторен криминал, на памет не ми паѓа да побарам од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поддржи продолжување на енергетска кризна состојба. На памет не ми паѓа“, децидно одговори Мицкоски.

Тој додаде дека без да се види каде отидоа парите за јаглен, како инстант компании преку ноќ формирани добиваат милионски тендери за превоз на јаглен, каде отидоа парите за мазут, колку мазут се купи и по која цена се купи истиот тој мазут, нема да се поддржи продолжување на кризна состојба.

„Додека тоа не го видиме на маса, нема шанса и на памет не ми паѓа да побарам од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поддржи продолжување на кризна состојба“, нагласи Мицкоски.

„Нормално ли е инстант компанија денес формирана, утре да добие тендер за транспорт на јаглен од Х места. Нормално ли е ? Тоа не е нормално! Па, тука криминалот од месечината се гледа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.