|
||||
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ, ЛЕГЕНДИ И ПЕСНИ СО АНТИЧКО-МАКЕДОНСКА СОДРЖИНА |
Александар Донски со античка биста од египетскиот владетел од македонско потекло Птолемеј Трети (Глиптотека во Копенхаген, Данска, јули 2022) Деновиве на Youtube е поставена и втората епизода од документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски. Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија, а за серијата е набавена и оригинална музика. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност. Втората епизода носи наслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“ и истата можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=Fqq0_I0j2yE на Aleksandar Donski History Channel. Во оваа епизода се претставени извесен број песни, приказни, легенди и преданија, регистрирани во 19 и 20 век кои се посветени на цареви и кралеви од античка Македонија и на други сегменти од материјалниот и духовниот живот на античките Македонци. Меѓу нив ќе видите дел од содржината и на мистериозната песна запишана во средината на 19 век во која точно е опишана причината за смртта на Александар Велики Македонски, иако оваа причина научно беше докажана дури во втората половина на 20 век. Јасно е дека оваа, а и другите вакви фолклорни творби, претставуваат директно наследство од античките Македонци. Ги повикуваме македонските патриоти им пријатели на Македонија на масовно споделување на линковите со петте епизоди од оваа серија посебно среде меѓународните фактори. Македонска Нација |