Среда, 07 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ОБРЕДИ И ОБИЧАИ СРЕДЕ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ

3don3

Деновиве на Youtube е поставена и третата епизода од  документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. 

Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски.

Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија, а за серијата е набавена и оригинална музика. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност.

Третата епизода носи наслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“ и истата можете да ја видите на:

https://www.youtube.com/watch?v=RicG6ItSGLM&ab_channel=AleksandarDonskiHistoryChannel на Aleksandar Donski History Channel. 

Во оваа епизода се претставени извесен бројни народни обреди и обичаи кои (врз основа на цитати од антички автори)  ги практикувале античките Македонци и притоа е констатирано дека овие народни обреди и обичаи сосема се поклопуваат со истоветните обреди и обичаи регистрирани во 19 и 20 век од страна на тогашните запишувачи на македонски народни умотворби. Така, на пример, античко-македонски народен обичај запишан своевремно од Херодот во 4 век пред Христа во целост се поклопува со истиот народен обичај запишан од Стефан Вековиќ во средината на 19 век. Исто е и со третманот на одделни животни во античките и современите македонски народни умотворби кои исто така во целост се поклопуваат и кај античките и кај денешните Македонци и сето ова во детали е објаснето во оваа епизода.  Јасно е дека овие културни сегменти претставуваат директно наследство од античките Македонци и овие податоци, кои во голем дел за прв пат беа откриени токму од Александар Донски,  никого нема да го остават рамнодушен.

Ги повикуваме македонските патриоти им пријатели на Македонија на масовно споделување на линковите со петте епизоди од оваа серија посебно среде меѓународните фактори. 

Македонска Нација       

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.