Вторник, 06 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Референдумското прашање е во духот на европските принципи – против асимилаторски билатерален договор
1vmro2
 
ВМРО-ДПМНЕ : Официјалната реакција на СДС треба да се проучува во теоријата како пример за “отсутна реакција“. Како соопштението да им беше однапред напишано и со теза за напад дека ја оспоруваме преговарачката рамка, а не договорот со Бугарија кои тие го потпишаа во 2017-та година.
 
Овој референдум не е антиевропски, туку напротив е целосно европски бидејќи се спротивставува на асимилаторските и негаторските постапки насочени против македонскиот идентитет, историја и јазик.  Негирањето на историјата културата идентитетот и јазикот на еден народ е целосно спротивно на европските принципи и вредности.
 
До толку повеќе што референдумското прашање се однесува на еден билатерален договор меѓу две земји со кој се регулираат билатерални односи. Како може да се рече дека сме против ЕУ, кога сме против овој билатерален договор, што за жал другата страна го користи да се изгради кула со која се негира македонскиот идентитет и историја?
 
Коренот на проблемите е тој кој што треба да се решава, затоа што во него се наоѓа причината за уцените, пречките и диктатите кои го загрозуваат интегритетот на Македонија, засебноста на македонскиот културен и јазичен идентитет. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата.
 
Народот јасно покажува дека е против ваквата подредена положба во која е ставен поради непромисленоста на СДС и Ковачевски. Народот не беше прашан, туку напротив постојано беше игнориран.
 
Стравот на врхушката на СДС е јасен. Тие се одговорни за ваквиот штетен договор и во исто време се свесни дека и нивните поддржувачи  како и огромен дел од народот се остро против последиците кои договор ги носи. Тоа ги плаши и затоа се нервозни.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.