|
||||
ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум |
ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации
ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.
ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.
Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?
Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.
Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.
Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност. |