Среда, 07 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаротските уцени кои се упатени кон Македонија
1uv1
 
ВМРО-ДПМНЕ : Само негаторските кругови во Софија и антимакедонската СДС гледаат демократски вредности во анахрон договор кој води кон асимилација и негација на македонскиот идентитет
 
Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаротските уцени кои се упатени кон Македонија. Токму со Договорот со Бугарија се формираше рамка и оправдување на барањата на Бугарија кои задираат во македонскиот идентитет. 
 
За жал, спротивно на волјата на народот и спротивно на експертската јавност, антимакедонецот Ковачевски дозволи преку Комисијата да се менуваат македонските учебници и историски факти за личности и настани. 
 
Антимакедонецот Ковачевски ги презентира “отровните плодови“ кои ги роди “отровното дрво“ наречено Договор со Бугарија, како успех. Тоа е бесрамност, однароденост и одлепеност од реалноста. 
 
Овој процес ако не се спречи нема да има крај, туку напротив води кон целосна асимилација преку нови понижувалки, уцени или кон бескрајно вето.
 
Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на сенародно обединување и отфрлање на договорот преку референдум.
 
Овој договор е билатерален и нема апсолутно никакви европски вредности содржани во него. Напротив спротивставување на ваков анахрон договор е европска вредност и принцип. Чудно е што демократски вредности во негирање на македонскиот јазик, култура и историја гледаат само негаторските кругови во Софија и СДС. Оттука да не се чудат што се антимакедонска партија.
 
Народот јасно кажува дека е против Договорот и понижувањата кои произлегуваат од него. Власт која го игнорира својот народ е осудена на пораз. Тоа ја чека и оваа ненародна власт предводена од антимакедонецот Ковачевски.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.