|
||||
НАД 80% ОД АВТОРИТЕ НА Т.Н. „СТАРОГРЧКА МИТОЛОГИЈА“ НЕ БИЛЕ ХЕЛЕНИ! |
Деновиве на Youtube се поставени четвртата и петтата епизода од документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски. Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија, а за серијата е набавена и оригинална музика. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност. Четвртата епизода носи наслов „ЕЛЕМЕНТИ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР НАСЛЕДЕНИ ОД АНТИЧКАТА МИТОЛОГИЈА“ со поднаслов „МИТОТ ЗА Т.Н. ГРЧКА МИТОЛОГИЈА“ и истата можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=tJdSG9qqqcQ&ab_channel=AleksandarDonskiHistoryChannel на Aleksandar Donski History Channel. Во оваа епизода се претставени извесен бројни фолклорни елементи кои (врз основа на цитати од антички автори) се среќаваат и во античката митологија која ја практикувале античките Македонци. Јасно е дека овие културни сегменти претставуваат директно наследство од античките Македонци, а овие податоци, во голем дел за прв пат беа откриени и објавени токму од Александар Донски. Понатаму во епизодата се изнесени несоборливи податоци според кои античката митологија која ја практикувале балканските народи сосема погрешно е наречена „Старогрчка митологија“! Имено, врз основа на податоци од нивните биографии запишани во антиката, познато е дека над 80% од авторите врз основа на чии дека била создадена оваа митологија, воопшто не биле „Грци“! Исто е и со т.н. „грчки богови“. Херодот пишува дека ниту еден од нив немал грчко потекло и дека сите до еден биле прифатени и преземени од други народи. Наведени се и голем број ликови од разни народи кои се опишани во оваа митологија (погрешно наречена како „грчка“). Во петтата епизода се изнесени податоци за голем број македонски дејци од 19 и 20 век, кои недвосмислено себеси се определувале како потомци на античките Македонци. Петата епизода можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=mFb61ovAQ7w&ab_channel=AleksandarDonskiHistoryChannel Ги повикуваме македонските патриоти и пријатели на Македонија на масовно споделување на линковите со петте епизоди од оваа серија посебно среде меѓународните фактори. Македонска Нација |