|
||||
Лефков: Отфрлањето на Иницијативата за Референдум е одлука на Ковачевски и елитата во СДСМ се со цел да избегнат соочување со народот |
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „ Што не е јасно“ за Иницијативата која претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отфрли, потенцираше дека тоа е всушност е одлука на Ковачевски и елитата во СДСМ за да избегаат соочување со народот. -Сите барем малку кои ги познаваат политичките прилики знаат дека ова е одлука на Ковачевски и на елитата во СДСМ, тие спроведуваат политики затоа што овој договор е договор кој што го потпиша Заев и знаеме се какви неприлики ни донесе. Ние уште во времето на неговото потпишување предупредувавме за штетноста на овој договор и денеска еве ден за ден гледаме како почнаа да се актуелизираат таканаречените бугарски-историски вистини кои што стигнаа како последици на овој договор. Меѓутоа сега Ковачевски и неговата елита сакаат да најдат начин да избегаат од волјата на народот. Впрочем тој и така стана премиер, ние сега имаме неизбран премиер кој што не го гласале, кој што не говорел пред повеќе од 100 луѓе, камоли да замисли еден процес на собирање на 150.000 потписи, камоли да замисли еден процес каде што ќе се оди на бројка од 900.00 за правење на цензус, а сите анкети, истражувања покажуваат дека во Македонија над 60% се против овој договор, кажа Лефков. Тој во текот на своето гостување укажа дека со Референдумот на власта и се постави на некој начин соочување со народот, а тие не се спремни на тоа. -Елитата во СДСМ не може да замисли соочување со народот и гледате дека тие бегаат од секој облик на соочување и ако сакате да ги испровоцирате само речете предвремени избори. Еве во Собрание тоа е клучот, штом ќе кажете избори знаете дека имате тригер за неволја, вие може да зборувате за каква сакате криза и неволја која што ќе ги снајде нашите граѓани и не е проблем тие се спремни да се носат, треба да бидеме разумни, треба да бидеме свесни за околности, само спомнете избори и ќе видите како реагираат. Со Референдумот го направивме токму тоа, односно им поставивме пред нив да престои едно соочување со народот, додаде Лефков. |