|
||||
Пандов:Сите во ВМРО-ДПМНЕ се против Договорот со Бугарија затоа што е штетен |
Пандов:Сите во ВМРО-ДПМНЕ се против Договорот со Бугарија затоа што е штетен, и ќе продолжиме да се бориме за зачувување на идентитетот Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“ зборуваше за состојбата во која се наоѓа државата и укажа дека во државата има енергетска криза, финансиска криза, дека државата оди во надолна линија по сите основи и сето тоа се предуслови да имаме бурни политички настани. -Секогаш есента знае да биде бурна на политички план, веројатно нема да биде исклучок ни оваа есен во Македонија затоа што покрај Референдумот кој што се најави и односите помеѓу градоначалничката и ВМРО-ДПМНЕ, да потсетам дека се наоѓаме во енергетска криза, финансиска криза, дека државата ни оди во надолна линија по сите основи, сето тоа се предуслови да имаме бурни политички настани, рече Пандов. Тој во текот на своето гостување говореше и за Договорот за Бугарија и дека тој отсекогаш најостро и најгласно се бунтувал против овој договор затоа што тој договор односно со точката во која беше вметната историската комисија дека ќе ни биде репер за ние да напредуваме подоцна и како алатка што и беше дадена на Софија дека ќе не донесе нас до бришење на нашиот идентитет како Македонци, македонската историја и се понатаму. -Многу пати сме го коментирале договорот со Бугарија, кои го нарекуваа Договор за добрососедство и соработка и од самото потпишување, јас најостро што сум можел, најгласно сум се бунтувал и сум зборувал дека точката во која беше вметната историската комисија дека ќе ни биде репер за ние да напредуваме подоцна и како алатка што и беше дадена на Софија дека ќе не донесе нас до бришење на нашиот идентитет како Македонци, македонската историја и се понатаму, кажа Пандов. Тој исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски, сите тела најостро го осудуваат тој договор и дека нивна должност е како партија да се борат и заштитат македонскиот народ и идентитет. -Поминаа неколку години ете тоа ни дојде на врата да истите тие кои не уверуваа идентитетот е бетон, историјата не е никаков услов, било што од она кое го говореа испадна дека не лажеле и дека во буквална смисла на зборот дека нашиот пат кон Брисел односно кон таа Европска Унија ни е трасиран преку Софија и учебници и толкувањата на историјата како таква. Ние и јас како поединец, меѓутоа и партијата ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски, сите тела најостро го осудуваме тој договор, ние ќе направиме се да тоа не биде така, наша должност е ние сме партија која е национална партија и заштитник на македонскиот идентитет, историја и така натаму, додаде Пандов. |