|
||||
АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОПИШУВАЊЕ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ПО РОД НА ПОПИСОТ ВО СРБИЈА |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА
АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОПИШУВАЊЕ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ПО РОД НА ПОПИСОТ ВО СРБИЈА ОД ПРВИ ДО ТРИЕСЕТИПРВИ ОКТОМВРИ ГОДИНАВА!
27 септември 2022 година, Белград, Србија - За само неколку дена во Република Србија ќе започне новиот попис, после изминатите десет години.
Малцинствата во Србија веќе водат кампањи за информирање на своите сонародници и на тој начин да ја зацврстат својата позиција како етничка заедница во општеството со свое име, јазик, култура и историја.
Светскиот Македонски Конгрес апелира до Македонците по род во Србија да се вклучат масовно во престојниот попис на населението и во пописниците да се изјаснат како Македонци, со мајчин македонски јазик и како Македонци православни, муслимани или католици.
Голем е бројот на Македонците кои се инкорпорирани во српското општество, Македонците се лојални државјани на Србија и време е тоа и статистички да се потврди.
Апелираме на масовност и потпишување на сите Македонци по род во Република Србија на пописот од 1 до 31 октомври 2022 година.
|