Понеделник, 03 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Ако економскиот совет работеше како треба немаше потреба да нудам помош

1Hristijan2

Мицкоски: Ако економскиот совет работеше како треба немаше потреба да нудам помош, нека ја надминат суетата, да не прават пазар, мојата понуда сеуште важи

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Студио 10“ зборуваше за актуелните состојби во државата и посочи дека не гледа потреба да се состане со економскиот совет во владата затоа што тој совет е составен  од истите луѓе кои ги решаваше проблемите со ковидот и ништо не решија. Во врска со справување со кризата посочи дека тој е подготвен да и помогне на граѓаните и на државата.

-Не гледам причина зошто би влегол јас во ова сценарио на претварање на целата оваа работа на пазар која што е многу сериозна, бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на граѓаните, тогаш подобро и ќе беше да излеземе на тв дебата, зошто таму ние да седиме педесетина луѓе  или триесетина кој што и до сега и онака ништо не решиле, тие луѓе кој што беа за ковидот, се дел од тој економски совет и ако така ги решаваше работите како што ги решававме за ковидот , јас навистина не сакам ниту нивното, ниту своето време  да го губам и затоа им реков одберете тим, подготвен сум да ви помогнам. Јас не сакам ова да се претвори во политиканство и во пазар, затоа и реков оваа работа треба да се реши, ова не е натпревар на пи-ар стратегија, ова не е натпревар чива суета е поголема. Јас уште на 29 септември побарав прием кај премиерот Димитар Ковачевски, денеска сме 3 октомври, 5 дена потоа, од Димитар Ковачевски сеуште не добив одговор, ме кани Битиќи на тело коешто досега  ништо успешно не решило, зошто ова би го решило тоа успешно?, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа дека подготвен е да го презентира концептот кој што нуди помош за излез од оваа кризна ситуација со која се соочува државата.

-Јас сум подготвен да им го презентирам концептот кој што ќе значи сето она кое што го зборувам изминатиов период. Ако се спореди со цените на берзата тоа што го нудам е под 200 евра за мегавет саат концептот за компаниите, да нема зголемување на цената за затоплување на граѓаните кој што го користат и институциите централното затоплување, истовремено да има 100 милиони заштита споредбено со тоа што тие се подготвени да го потрошат за да обезбедат електирична енергија и затоплување, исто така нудам измени во законот за енергетика, додаде Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.