|
||||
Кадиевска Војновиќ: Прв пат во историјата опозиционен лидер излезе со издржан предлог за излез од кризата |
„Економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ работи не само за енергетската криза, туку и за економските теми и целокупната економска ситуација. Прв пат во историјата опозиционен лидер излезе со предлог за излез од кризата“, изјави за Анализа на ТВ 24, Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Кадиевска Војновиќ истакна дека ситуацијата во Македонија е алармантна и дека бизнисот сериозно алармира дека ситуацијата е излезена од контрола „Се понудивме како партија. Критиките се едно и тие се во насока на решавање на кризата од која сме засегнати и затоа го нудиме концептот на претседателот Мицкоски, и јас сум задоволна што прв пат во историјата еден опозиционен лидер на конструктивен начин излезе со издржан предлог. Сметаме дека треба да се разговара во едни вакви тешки времиња за кои населението е свесно, но допрва следува потешко“, рече Кадиевска Војновиќ. Таа посочи дека излегоа резултати од анкета од Стопанска комора која покажува дека бизнисот не може да ги издржи цените на електричната енергија, а тоа ќе значи намалено производство и намален број на вработени, односно откази. „Денес Стопанската комора на Македонија објави резултати од една анкета од 1.600 субјекти на слободниот пазар, каде што кажува дека не се убави сознанијата. За јавноста е важно ова дека го кажува бизнисот кој е погоден од високите цени на струјата. Првите сознанија се дека кај одредени компании состојбата е во висок степен на сериозност и почнуваат со отпуштања, принудни одмори, редуцирање на производство и дека следните 2 месеци ќе биде голем проблем бидејќи истекуваат постоечките договори за набавка“, истакна Кадиевска Војновиќ. Таа додаде дека најголемите компании се погодени од цените на електрична енергија и истите според овие цени треба да дадат половина милијарда евра за електрична енергија. „Стопанската комора имаше и предлози дадено до владата, бизнисот вработува 650.000 граѓани и тој е тој кој го полни буџетот и ако на бизнисот сега треба да му се помогне“, посочи таа. „На регулиран пазар се 70.000 правни субјекти со кои што и ние имаме комуникација со сите нив, и викаат ние не плаќаме евтина струја. Колку е струјата на сите мали бизниси на кои што е регулирана? Во Србија е 100 евра за мегават, а во Босна и Херцеговина е 65 евра, ајде Босна и Херцеговина извезува и е нето извозник, а Србија и увезува одреден процент на струја. А, Косово е 70 евра за мегават, Бугарија е 128 евра за мегават, а ова се податоци од Стопанската комора. Романија плаќа 180 евра за мегават, Грција е 220 со тоа што го субвенционира остатокот. Ова се податоци за струја за бизниси по мегават на час во регионот колку се плаќа. Македонија и на регулиран пазар, малите фирми плаќаат 230 евра за мегават на час“, истакна Кадиевска Војновиќ. Кадиевска Војновиќ додаде дека бизнисите во Македонија имаат најскапа струја во регионот. „Дали се справуваме добро со кризата? Не се справуваме, а набргу на населението ќе му стане јасно. Не сакам да звучам апокалипстично, ниту да создавам паника меѓутоа набрзо ќе си ги имаме рестрикциите, бизнисот нема да биде субвенциониран поради тоа што државата не обезбеди навремено средства. Заради тоа што за да го платиме енергенсот и струјата ни се потребни средства. Значи проблемот е во менаџирањето“, нагласи Кадиевска Војновиќ. При своето гостување Кадиевска Војновиќ се осврна и на инфлацијата во државата. „Гледам колку се пораснати Импут 1, односно сите оние елементи како ѓубрива, енергија и сите трошоци за земјоделецот колку се пораснати во однос на лани и во август последна броја е објавена значи овој Импут 1 кој е најзначаен и највеќе влијае врз Аутпут цената во земјоделството се пораснати за 23 проценти#, рече Кадиевска Војновиќ. „Само ѓубривата што ги користат земјоделците се пораснати за 58 проценти а енергијата тука цела енергија, течни горива, мазива и цела останата енергија што ја користат земјоделците за 40 проценти“, рече Кадиевска Војновиќ. Таа посочи на тоа дека ако трошокот на земјоделецот му е зголемен за 23 проценти истиот земјоделец во месец август Аутпутот го продавал за 12 проценти. Тогаш значи земјоделецот вака пресметано има загуба. „Вториот елемент во нашата кошница на производи како се пресметува инфлацијата. Имаме земјоделски производи и производи од преработувачка индустрија произведена од домашни производи, меѓутоа имаме и одредени стоки и услуги кои доаѓаат од увоз“, кажа Кадиевска Војновиќ. Кадиевска Војновиќ заклучи дека инфлацијата не постои од вчера, туку инфлацијата во Македонија е разгорена од 4-ти месец минатата година. |