|
||||
ВМРО-ДПМНЕ : Двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти |
Обвинението за поранешниот секретар на влада Мухамед Зекири покажува две работи, едната е дека владите на СДС се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот. Нејасно е како може Зекири да биде обвинет за штета на буџетот од 1,5 милиони евра, а неговиот претходник генерален секретар на влада Рашковски за перење на пари и незаконски набавки, а притоа премиерите да бидат чисти. Постојат основани сомненија дека криминалите, за кои се товарат овие двајца, биле иницирани и спроведувани по насока на нивниот претпоставен или претпоставени. Правосудни апсурди. Ете затоа народот има недоверба кон правосудството од 92%. Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни. Одговорност за сите криминали на оваа власт на клептоманите од СДС мора да има, но од најниските спроведувачите до врвот на криминогената пирамида. Ако тоа не може да го спроведе ова обвинителство предводено од послушникот Јовевски, тоа ќе го спроведе некое друго ослободено и професионално обвинителство. |