|
||||
Лефков : Ковачевски да почне да дава одговори |
Лефков: Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него Пиксел груп која е основана токму од него добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра. Значи Ковачевски со мандат за премиер, а неговата Пиксел добива државна помош од огромни 203 илјади евра. Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од владата и ФТИР кон Пиксел груп основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година. А зошто тесна клика околу дезертерот Ковачевски ја нарекуваме соларен картел ќе објасниме во продолжение. Имено покрај земените 2 милиони евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица, и со нивна помош се испумпани милиони народни пари. Се наметнува сомнение дека преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во општина Гази Баба додека градоначалник на општина бил кадар на СДС. Имено фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветлување, а заврши во обвинителство, заради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски. Со проектот за улично осветлување во Гази Баба, наплатени се бандери и сијалици кои воопшто не биле поставени, а сето тоа не би можело да биде случај без потпис од фирмата на кумот на Ковачевски. Се наметнува основа за верување и прашањето: дали потписот на кумот на Ковачевски овозможил злоупотреба во постапка од над 11 милиони денари? Со ова гледаме дека соларниот картел, покрај директна корист за себе, има индикации дека помогнал и при правење на низа други незаконити дејствија, со кои се испумпани милиони народни пари. Уште во колку вакви криминални тендери е вмешан кумот на Ковачевски, и колкав криминал е овозможен? Ковачевски да почне да дава одговори, а ние продолжуваме со детали. Линк од видео материјал: |