|
||||
ВМРО-ДПМНЕ : Нека е честит Јом Кипур. Нека е вековит празникот |
Во име на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на партијата на сите граѓани припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честитаме најсветиот еврејски празник Јом Кипур.
Нека празничните мигови ви поминат во мир и спокој во овие тешки времиња на предизвици и тешкотии. Токму хуманоста и сплотеноста нека бидат нашата духовна ѕвезда водилка која ќе ни помогне на сите нас да ги пребродиме кризите и да си бидеме потпора еден на друг во справувањето со сите пречки во животот.
Нека се од Бога благословени ваквите празници кои не потсетуваат на традицијата на помирувањето и милосрдието. Само со подадена рака еден кон друг ќе ја градиме Македонија и подобрата иднина на нашите деца.
Нека е честит Јом Кипур. Нека е вековит празникот.
Нека е вековита Македонија.
|