Сабота, 08 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Лефков: Аферата „Броило“ раѓа нови факти

72111Соларниот картел има длабоки врски во СДС, Паунов, кум на Ковачевски, е поранешен функционер во СДС, советник во Град Скопје и претседател на партиски совет.

Соларниот картел сконцентриран околу дезертерот Ковачевски, кој е фатен како врти 26 милиони евра, ги открива и длабоките корени, кои овој картел ги има во самата СДС.

Имено Горанчо Паунов, освен што е кум на Ковачевски, освен што е основач на КМГ ЕОЛ Квазар, освен што е коосновач на „Пиксел груп“ заедно со Ковачевски е и партиски пиун во СДС.

Во 2005-та година Горанчо Паунов, тогаш е актуелен претседател на општинската организација на СДС во Гази Баба, и на локалните избори во 2005-та година, СДС го става на листата за советници во општинскиот Совет. Практично кумот на Ковачевски е советник во Советот на Општина Гази Баба во мандат од 2005-та до 2009-та година. Согласно актуелните случувања и кривичната пријава, која Горанчо Паунов ја има за извршен надзор на проектот за поставување на улични лед светилки и бандери во Гази Баба. Кој што криминал е тежок над 11 милиони денари покажува дека Горанчо Паунов уште во далечната 2005-та година, ги поставува корените, за сега само од позиција на бизнисмен СДС да го ангажира него и неговата фирма за вршење на надзорот каде Финансиската полиција утврдува дека се ставани потписи за нешто што воопшто не постои.

Длабоките конекции на Паунов со СДС и функциите во партијата сега му овозможуваат да заработува.

Вториот факт за поврзаноста на Паунов, не само со Ковачевски, туку и со СДС е неговото именување за кандидат за советник во Советот во Град Скопје во 2009-та година. Функциите во СДС продолжуваат и во 2013-тата година, кога кумот на Ковачевски е избран за претседател на Советот за инвестиции и инфраструктура, партиска позиција во рамки на СДС.

По доаѓањето на СДС на власт, во 2017-та година, почнува бумот на соларниот картел.

Ковачевски и неговиот кум преку фирмите од аферата „Броило“, која зазема милионски димензии земаат државни тендери во вредност од 2 милиони евра, и склучуваат договор со ЕВН исто во износ од 2 милиони евра.

Аферата „Броило“ откри дека кумот и кумашинот работат за личен, но и партиски бизнис интерес.

Ние продолжуваме со објавување на детали од соларниот картел, за кој одговорност мора да има.

Линк од видео материјал

https://www.youtube.com/watch?v=4DSBTnLXado

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.