|
||||
СДС директно поддржува фашизам |
СДС директно поддржува фашизам, дозволи формирање на здружение Цар Борис, а сега не го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за строго регулирање на начинот за формирање на здруженија и фондации Антимакедонската СДС нека одговори зошто им пречи законскиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија. Ако СДС е против клубот Цар Борис, зошто не го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто Ковачевски молчи на ова прашање? Дезертерот Ковачевски молчи бидејќи неговиот ментор Зоран Заев со своите изјави ги поткопа македонските позиции. СДС со своите лоши политики даде легитимитет на бугаризација. Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира да власта одобрува никулци на фашизам. Сега е време СДС да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ, ако не одобрува здруженија со фашистичка позадина.
|