|
||||
Мизрахи: Отворањето на клубот во Охрид, кој носи име на лик кој бил на страната на фашизмот е сериозно навредливо и вознемирувачко за Евреите во Македонија |
Мизрахи
Беше на повидок дека ќе се поминуваат се повеќе и повеќе граници. Многу е лесно да се направи лошо помеѓу две држави, да се креира атмосфера на нетрпеливост и зло помеѓу народите, исто така добро би било еквивалентно да се направи и добро помеѓу истите, изјави пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
„Не можам да разберам зошто се отвараат клубови со вакви имиња на контравезни личности, фашисти, на луѓе кои директно биле вмешани во случувањата во Втората светска војна во негативен контекст на не убавата страна. Одредени политички фигури или групации го злоупотребуваат амбиентот кои е даден од нашата Влада која се однесува дефинитивно субнисивно во однос на нашите соседи“, рече Мизрахи.
Таа посочи дека дека еден од темелите на државноста е антифашистичката војна, и има безброј партизани и нивни наследници кои се сведоци на случувањата од втората светска војна.
„Да е сериозно навредливо за Евреите во Македонија отварањето на клубот во Охрид со фашистичко име и сериозно ги вознемирува евреите во Македонија, ние сме наследници на оние кои успеаја на еден вид начин да преживеат во текот на втората светска војна кои не беа качени на оние возови за Треблинка каде никој не се вратил од таму“, потенцираше Мизрахи.
„Овој закон не е променет од 1996 година, меѓутоа ние не видовме создавање на вакви клубови со вакви контраверзни имиња во 90-тите години или 2000-тите години туку ги гледаме сега по отворање на пандорината кутија наречена Преспански Договор и продолжението со овој Договор за добрососедство па понатаму и бетонирањето на истиот со преговарачката рамка, децидна е Мизрахи. |