Понеделник, 24 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Петрушевски: Афера Тајни имоти - 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра

1petyr1

Петрушевски: Афера Тајни имоти - 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра, институциите да ги објават за 24 часа, во спротивно ние почнуваме со објавување

Денес објавуваме афера од која може да се види како власта, функционери на СДС и ДУИ на различни позиции поседуваат таен имот.

На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции.

Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт.

5 години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали.

Новата афера Тајни имоти, е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија.

Со СДС на власт, овие функционери, очигледно служат само на нивната партија и на човекот кој ги именува преку седници на влада.

Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција.

Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти.

Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити.

Воедно институциите како комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејанија, практично се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници.

Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имоти.

Антикорупциската комисија е должна да води точна прецизна и навремена евиденција за поднесување на анкетните листови од страна на функционерите, кои имаат обврска во рок од 30 дена од нивното именување да поднесат анкетни листови. Треба да се постави и прашањето зошто антикорупциската постои ако точно 123 лица функционери го кријат својот имот.

Законскиот рок од 30 дена е пробиен со месеци, а од власта на СДС молк и заштита на нивните партиски пиони.

Даваме рок од 24 часа институциите сами да ги објават овие имиња, во спротивно од утре ќе ги објавуваме поединечно заедно со имотот кој го кријат.

Откако ќе ги објавиме ќе побараме и проверка на потеклото на имот, зошто тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат.

Да потсетиме оваа владата каде Премиерот дезертер стекнал преку аферата броило, заедно со неговиот кум бизниси вредни 26 милиони евра, е земја со влада која е најкорумпирана во Европа.

Зошто СДС крие имот во енормно висока вредност?

Зошто СДС дава групна насока на своите функционери да не го пријавуваат имотот со кој се стекнале незаконски? И дали овие функционери се дел од лицата за кои и самата претседателка на ДКСК Билјана Ивановска, во неколку наврати кажа дека знае за случаи во кои функционери имаат големи имоти, но тој не е на нивно име?

Очигледно е дека се работи за свесно криење, а само имот стекнат на нечесен и криминален начин се крие.

ВМРО-ДПМНЕ направи длабинска анализа и ги имаме сите со име и презиме.

Во рок од 24 часа ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да ги објавува точните податоци со имиња и презимиња.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.