Четврток, 27 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за уставните промени

1micr1

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за уставните промени, нашите забелешки не беа применети

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа под овие околности значи дека сите овие забелешки кои ги дадовме изминатиов период а јас како пратеник уште од потпишување на договорот во 2017та година, сите овие забелешки кои ги имавме во протестите кои ги организираше ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на кои што масовно излезе народот и на кои што 70% од граѓаните беа против овој договор и рамката која што беше поставена и сите овие забелешки кои што ги имаа историчарите односно здружението на историчарите додека не бидат надминати и разрешени и објаснети кај граѓаните нема шанси да се даде поддршка, затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е кохезивна, потенцираше Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на Телевизија 24.

Дополнително тој повторно го потврди ставот на пратеничката група околу ова прашање и посочи дека ова не е истата пратеничка група како онаа од 2018.

Морам да кажам дека оваа пратеничка група е различна од таа пратеничка група, процесот на обезбедување на гласови е сосема различен. Во текот на вчерашниот ден имавме можност да го слушнеме претседателот Пендаровски како вели дека не би сакал да дојде ситуација за обезбедување гласови на начинот на кој што беа обезбедени за промена на името, со што ги потврдува овие мои тези и сметам дека 2022 година е многу поразлична од 2018 година вклучувајќи ја и пратеничката група така да тука сакам да ја затворам оваа тема и да дискутираме на она што претставува проблем а тоа е дека ние преговори се уште немаме отворено со ЕУ иако не убедуваат дека имаме отворено, претстои процес на скрининг во кој што ќе излезат сите забелешки кои што ги има дадено ЕУ а пред се се во делот корупцијата, владеењето на правото и високата корупција, истакна Мицевски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.