|
||||
Мицкоски: Во Благоевград одам да дадам поддршка на Македонците |
Мицкоски: Во Благоевград одам да дадам поддршка на Македонците во Бугарија, жалам што претседателот и премиерот решија да не доаѓаат и да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешниот настан во хотел Хилтон „Политички дијалог на ЕПП - партиите од регионот“ одговарајќи на новинарско прашање изјави дека на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград ќе оди да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да им даде до знаење дека Македонија стои позади нив и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже и ќе ги штити нивните интереси. - Немаме ние антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, рече Мицкоски. Во врска со тоа што премиерот Ковачевски нема да оди, а претседателот Пендаровски вели дека не бил поканет, Мицкоски истакна дека не верува во тоа што го кажуваат и дека ова беше можност да се покаже политичко единство, но тие одлучиле да служат на туѓи интереси. - Ова беше можност да се покаже политичко единство, но за жал тие кои имаат полна уста за единство за обединување требаше со нас да одат таму и да ги стегнат рацете на Македонците во Бугарија кои се одважија и ги поканија политичарите во Македонија. Ако сум бил јас поканет сигурно е и тој поканет, но навикнати сме на такво однесување, жалам што не се надминаа себе се, жалам што остануваат да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ. Јас сум убеден дека македонскиот народ знае на следните избор гласно да зборува на кому да ја даде довербата, потенцираше Мицкоски. |