Сабота, 29 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Ќе бидам утре во Благоевград да дадам поддршка на Mакедонците од Бугарија

1makedo

Мицкоски: Ќе бидам утре во Благоевград да дадам поддршка на Mакедонците од Бугарија, жалам што државниот врв не покажа единство и слугува на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ

При денешната посета на општина Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на  изјавите на Маричиќ, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски дека не чувствуваат потреба да одат на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија и отсуството на државниот врв, изјави дека тоа е одлична можност да се покаже национално единство и грижа за македонскиот народ но жали што тие одлучиле да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ, а тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утре во Благоевград.

„Тоа беше одлична можност да покажеме единство, да дојдат сите таму, и да им дадеме поддршка на нашинците од Пиринскиот дел на Македонија, од Бугарија, јас ќе одам утре, на тој начин што мислам дека ќе значи тоа и за нашите, за повеќе самодоверба, поддршка плус од овде дека не забораваме, дека напротив, планираме и понатаму многу интензивно да ги поддржуваме нашите од таа страна на границата во соседна Бугарија, и тоа е одличен настан за да покажеме дека тоа што го зборуваме дека се грижиме за македонскиот народ, за македонскиот идентитет навистина се грижиме а не го зборуваме тоа само со празни зборови и реченици. Многумина гледам на јавната сцена сакаат да направат знак на равенство помеѓу тоа што го прават со отворање на бугарски клубови, кои што носат фашистички имиња и ова што го прават нашите Македонци во соседна Бугарија со името на Никола Јонков Вапцаров но тоа не е така, затоа што Вапцаров обединувал,поврзувал, спојувал, за разлика од да речеме случајот овдека во Охрид каде што јасно и недвосмислено, практично имаме локален клуб кој што носи име на соработник на нацистичкиот режим и фашистите за време на Втората Светска Војна. Уште еднаш ќе кажам и ќе повторам дека ова беше одлична можност државниот врв да дојде да покажеме национална единство, жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ но ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград“, нагласи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.