Среда, 16 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Не се согласувам со начинот на кој Ванчо Михајлов ја водел организацијата

5mic9

Не се согласувам со начинот на кој Ванчо Михајлов ја водел организацијата, и јас тоа јавно го кажувам, но СДС не гледам да се огради од ставот на Заев и коалициски партнер дека Бугарите биле ослободители

„Намерата на СДС беше вулгализирање на тоа што го зборував јас на едно неодамнешно интервју и правење паралела со Иван нели Ванчо Михајлов.

На кичевскиот конгрес 1995-та година донесена е одлука со која што се признава континуитетот на историската ВМРО и современата ВМРО-ДПМНЕ со првиот конгрес 1991 година во Прилеп. Започнувајќи од првиот во Ресен според Лозанчев, но можеби не бил прв, првиот можеби е во Солун.

Но еве според Лозанчев првиот конгрес е одржан во Ресен кое што требало да биде советување па потоа прераснал во конгрес се до осмиот кој што завршува во 1932 година во Горна Џумаја, па почнувајќи од првиот конгрес 1991 година или 9-тиот во континуитет во Прилеп завршувајќи со 17-тиот скопски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е практично еден континуитет и да дел од овие конгреси претседател на ВМРО во историска смисла на зборот е Иван Михајлов. И да Иван Михајлов бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната независна држава Хрватска која што била фашистички односно нацистички сојузник“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

Мицкоски додаде дека не се согласува со начинот на кој што Иван Михајлов управувал со таа партија, како се однесува и како соработувал.

„Да јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија во тоа време или организација, како се однесувал и како соработувал. Можеби за децении од денеска некој можеби ќе се согласува или нема да се согласува со тоа како јас или некој од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во одредена историска смисла на збор“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС сакаат да речат дека аха вие сте имале во вашата структура соработник кој што бил близок до некаков фашистички режим па тоа значи дека немате право да ги користите буквите и да ја организирате партијата како ВМРО-ДПМНЕ.

Најпрвин сакаа да не прогласат имаше еден план во поранешното раководство на СДСМ како радикална десница па да забранат функционирање на ВМРО-ДПМНЕ, па да ја прогласат за некоја екстримистичка условно кажано и терористичка структура. А, сега сакаат да повлечат некаква паралела со некаков фашистички соработник итн. Но нема да им успее бидејќи народот е позади ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не гледа СДС да се огради од ставот на Заев и коалициски партнер дека Бугарите биле ослободители.

„Денеска или да бидам попрецизен деновиве го слушаме еден од коалиционите партнери на Ковачевски како кажува дека Бугарите практично ја ослободиле Македонија. Така што поголем доброчинител за големобугарските апетити во Македонија од Димитар Ковачевски немало, дури и оној што претходно кажуваше и неговиот претходник дека ние не сме имале споделена туку сме имале заедничка историја, дека сме биле еден народ, дека тие биле администратори и дека не биле окупатори.

Зборам за оној истиот некна настанот каде што говореше дека иницијалите му се врежани итн. а за кој што Ковачевски рече дека е негов верен послушник. Самиот тој рече дека го продолжува делото и континуитетот на тој човек. Дури ни тој не отиде толку длабоко, не забразди како што направи за големобугарските апетити во Македонија колку што Ковачевски го направи“, истакна Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.