|
||||
Среќна Нова 2024 Година! |
Македонска нација Почитувани браќа и сестри, Македонска нација Ви ја честита Новата 2024 година, и Ви посакува Господ Бог да Ви дари здравје, Вам и на Вашите семејства, каде и да сте, во светот или во татковината Македонија! Во предвечерието на Нова Година, Македонска нација повикува на семакедонско помирување и обединување, меѓу Македонците во светот, меѓу Македонците во сите делови на Македонија и меѓу Македонците во Р.Македонија! Без разлика на нивната партиска и верска определба, да престанат делбите и кавгите меѓу себе, да си простат едни на други и да се обединат под паролата „Македонија на Македонците“; Да се избориме за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и културата; Да инвестираме во Македонија и да ја подобриме економијата; Да отвориме нови работни места и да го спречиме заминувањето на младите образувани кадри од земјата; Да создадеме услови за да можат оние кои сакаат да се вратат во сопствената земја и на своите огништа и заедно да изградиме македонска рајска градина; Идентитетот МАКЕДОНСКИ не е на продажба ниту пак е тема за расправа; МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постојат и ќе постојат, додека постои и светот; Во оваа битка за Македонија нема поголем или помал Македонец. Сите сме исти, равноправни и секој треба да го даде својот придонес. Само така ќе се оддолжиме на сите оние претходни генерации кои животот го дадоа за создавање на ова засега единствено парче слободна и независна македонска држава. Борбата не е завршена, а сите ние треба да го продолжиме нивното дело. Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно! Среќна Нова 2024 Година! Македонија вечна! Амин! |