Недела, 20 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Ова не е битка дали сме за ЕУ или против

1c1

Мицкоски: Ова не е битка дали сме за ЕУ или против, Унијата е единствениот пат, но не по цена на одрекувања и обезличувања

Лажно е тврдењето на власта и нивното упростување на работите дека од прифаќањето на уставните измени под бугарски диктат ќе зависело дали ќе сме биле за ЕУ или против ЕУ, или како што тие сакаат да ја престават црно бела сликата - дали ќе сме биле за западот или ќе сме биле за истокот. Ова воопшто не е таков избор и ве молам тука и медиумите, новинарите, експертите и целата јавност да не наседнува на оваа бледа манипулација. Затоа што мнозинството на народот и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено сме за влез на Македонија во Европската Унија, затоа што тоа е нашиот единствен пат. Но не по цена на себе одрекнување, не по цена на диктат кој е Пандорината кутија за идентитетско обезличување и отворање на портата за многу други барања, истакна на денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија не треба повторно да влегува во играта на стапот и морковот без никакви гаранции за влез во ЕУ.

 „Не за влегување во повторната игра на стапот и морковот, без било какви гаранции за влез во ЕУ, од кој што земјава ќе го види само стапот, односно уште една блокада. На крајот сите ние веруваме во Копенхашките критериуми, кои сигурно не се, прифаќање на едно лудило од барања на соседната држава, со јасна тенденција да го избрише постоењето и историјата на друга држава. Соседна држава да направи упад во историјата, колективното чувство на друга држава и сето тоа да стане критериум за интеграција на државата во Европската Унија. И сето ова го овозможија оваа власт и овие политичари“, подвлече Мицкоски.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.