Четврток, 24 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
Коленичат по светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овдека во Македонија и ја притискаат да прави тортура и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ

Hristijan4

Мицкоски: Владата не може да ги испорача работите кои што ги презела, затоа што на тој начин мислеа дека ќе останат ден повеќе на власт, за да можат да крадат

На тие состаноци коишто изминативе месеци се случуваат сигурно дека ние не читаме поезија, како што тоа го кажав веќе во неколку наврати изминативе денови. Тоа се состаноци на кои ние аргументирано ја браниме нашата позиција, ја браниме позицијата на огромно мнозинство македонски народ и огромно  мнозинство македонски граѓани и она што е најважно ВМРО-ДПМНЕ како партија за македонско национално единство нема друга опција, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Гази Баба одговори на новинарско прашање за можни притисоци во насока на уставните измени.

Тој додаде дека власта презела обврски бидејќи на тој начин мислела дека ќе остане повеќе на власт, а сега кога не може да ги исполнат тие обврски коленичат по светот ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да прави притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и врз огромното мнозинство граѓани.

„Треба аргументирано со факти и аргументи да се спротивстави на овие криминални политики на владата којашто веќе не може да ги испорача сите оние работи коишто ги презела како обврска, а ги презела затоа што на тој начин мислеа дека ќе останат ден повеќе на власт за да можат да крадат и да  договараат криминал.

Во едно такво отсуство тие одат коленичат по светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овдека во Македонија и ја притискаат да прави тортура и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку ВМРО-ДПМНЕ и врз огромното мнозинство граѓани во Македонија“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Навистина можам да ги разочарам дека такво нешто нема да успее и тоа беше јасно уште на 18-ти август кога се гласаше дневниот ред во парламентот, но и претходно кога на уставната комисија се гласаше потребата за уставните измени. И таму беше јасно дека владејачкото мнозинство нема две третини“.

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.