Вторник, 19 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

1petr2

Документот за реформи во ЕУ ги потврди укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДС прифати штетен договор

Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дневниот ред за уставните измени и таа тема е затворена. Остануваме на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сите јалови обиди дали преку странство, дали преку домашни и сегашни или минати политичари се залудни

изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24.

Петрушевски потенцираше дека  ВМРО-ДПМНЕ  никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни.

- Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека тоа што е важно за нас во тој документ за реформи на ЕУ се поклопува со барањата на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат фондовите за земјите кои пристапуваат, а тоа што е најважно воведување на квалификувано мнозинство и се исклучува можноста за вето и во целост ќе се смени процесот на пристапување.

Паѓа во вода тоа што СДС го кажува, не ги предвиделе процесите и прифатија договор штетен на интересите на македонскиот народ, изјави Петрушевски.

Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германски ФАЦ, Петрушевски нагласи дека изјавата е доволно јасна. 

- Нема што да се додаде, јасна е изјавата на претседателот Мицкоски. И се ова што се случува деновиве укажува дека се случуваат одредени дилови во позадина, кои се апсолутно непринципиелни. Се случуваат работи кои не можеме да ги поминеме и да кажеме дека се коинциденција, изјави тој.

Петрушевски додаде дека друг доказ за тоа е спроведувањето на делото, пред се на измените во Кривичниот законик со кој се амнестираат одредени функционери и сегашни и од минатото, но и идни.

- Мислам дека се наоѓаме пред сериозен период во државата, можеби пресуден за иднината на Македонија, нагласи Петрушевски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.