|
||||
ВМРО-ДПМНЕ води 3 спрема 1 против СДСМ |
Николоски: Последната анкета која ќе излезе деновиве покажува дека ВМРО-ДПМНЕ води 3 спрема 1 против СДСМ и на следните избори самостојно ќе освои над 61 пратеник Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото интервју на телевизија Шења го истакна уште еднаш ставот на партијата дека партијата е монолитна и обедината, како никогаш досега, што го постигна оваа партиско раководство на чело со претседателот, Христијан Мицкоски кои од валандовскиот Конгрес наследија партија која беше речиси пред затворање. „Партијата е монолитна и обедината а тоа, всушност и се гледа. После валандовскиот конгрес во декември 2017 година, ние наследивме една партија која што имаше претрпено огромен пораз на локалните избори, практично скоро и ништо да не освои, беше надвор од Собранието, паратениците го имаа напуштено Парламентот, имаше неколку пратеници во притвор, целосно урнисани односи и позиции кај меѓународната заедница, со отворени судски процеси и со мастер план, чиј што автор беше Радмила Шекеринска, за што сум зборувал и јавно, за затварање на партијата. Тоа е тоа што го наследивме“, рече Николоски. Николоски додаде дека од една таква, на некој начин деградирана ситуација, сега ВМРО-ДПМНЕ е во ситуација на сите релевантни анкети, како и последната која треба да излезе за неколку дена, од позиција на опозиција да води три према еден против владејачката СДСМ. „Од една таква ситуација ние сме сега во ситуација да последните анкети, еве можам и премиерно да кажам, ќе излезат деновиве од релевантни куќи кои впрочем не работата за ВМРО-ДПМНЕ, кажуваат дека разлика е веќе три спрема една меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Никогаш во опозиција ниедна политичка партија немала три спрема еден кон владејачката партија. Така што, тоа е за состојбата во партијата, во однос на избори, секој може да се проба на избори ние сме демократска држава и може да види што мислат граѓаните за него, јас ги охрабрувам сите кои што мислат дека може да добијат поддршка од граѓаните, да излезат и да се натпреваруваат на избори“, истакна Николоски. Според неговите проценки, ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори самостојно ќе има над 61 пратеник. „Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има самостојно над 61 пратеник, тоа не е невозможно, што е исто така силен резултат од опозиција. Друго е од власт да го постигнете тој резултат, друго е од опозиција. Така што ако требе, еве денес да дадам моја проценка, ВМРО-ДПМНЕ или ќе биде блиску или ќе помине над 61 пратеник на следните парламентарни избори“, рече Николоски. |