Петок, 22 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Македонија е над се!

1ail3

Христијан Мицкоски во интервју на телевизија Алсат М 

Целта на оската е носење на уставни измени под бугарски диктат, тие нема да поминат, Македонија е над се

Со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сме апсолутно истомисленици. Никогаш јас не сум сакал да наметнам таков тип на авторитет, па сега некого да контролирам, управувам и така натаму, ниту пак некогаш додека сум претседател тоа ќе се случи.

Ние овој став кој што го имаме како ВМРО-ДПМНЕ и како коалиција е заеднички став и тој е принципиелен став и ние веруваме во тој став дека е исправен, бидејќи до сега веќе 15 месеци не добивме аргумент со кој што нашиот став ќе биде, да кажам, демантиран па ние ќе мора да го менуваме. Така што, кога ме прашувате дали сме истомисленици, да сме истомисленици со 44 пратеници кои што се дел од пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека иако целта на оската е носење на уставни измени под бугарски диктат, тоа нема да се случи и тие  нема да поминат, со тоа само ние како македонски граѓани губиме време.

Додаде дека како тој и партијата упорно се трудеа да им објаснат на власта дека оваа нивна политика на форсирање на една тема која што ќе заврши во бездна и нема да успее, а на сметка на тоа уривање на државата во секоја пора, полна со криминал и корупција, не е добра политика и затоа им понудивме многу решенија во минатото, кои за жал ги одбија.

„Нема да се случат уставните измени, ни еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се виде на седницата на 18 август, кога 44 пратеници кои гласаа против дневниот ред.

Тоа јасно покажува дека немаат двотретинско мнозинство, затоа што ако беа сигурни дека имаат макар и еден, тие ќе одеа до крај на таа собраниска седница, претпоставувам ќе пропаднеше и после тоа хорски ќе бараа оставка на Христијан Мицкоски.

И Мицкоски е проблем, затоа што тој не се договара со политички криминалци и разно разни кланови, ниту за политички амнестии, ниту за политички криминали, ниту за тендери затоа што имаме принципиелен став“, истакна Мицкоски.

Македонија е најбитна, посочи Мицкоски и таа е пред и над се, додавајќи дека уставните измени се нај небитниот и нај понижувачкиот дел за Македонија.

„Тие се нај понижувачкиот дел за Македонија и мислам дека тоа што не ги гласаме тие уставни измени и мислиме добро на Македонија, затоа што ако се случеше такво нешто, тогаш ќе беше лошо за Македонија. Бидејќи ги слушате пораките кои што доаѓаат од Софија, па дури и од денешната ново избрана евро комесарка која што јасно кажа кои се обврските на Македонија кои што се содржани и во протоколите, а во протоколите богами се содржани озбилни обврски кои што имаат јасна цел. А, тоа е асимилација на македонскиот народ“, рече Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.