Недела, 01 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Јаковлевски: За неколку месеци ќе има избори на кои ќе му се стави крај на лоповското владеење на СДС-ДУИ

 

 

1Godisna Konferencija 1

Секој глас ќе биде важен и потребна ќе е масовна излезеност

1Godi1

1Godisna Konferencija 10

Мане Јаковлевски, претседавач на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ од втората годишна конференција на унијата насловена „Традиција која обврзува, за иднината која доаѓа“ во воведниот говор се заблагодари на претседателот, Христијан Мицкоски што пред повеќе од две години донесе историска одлука да се формира Унија на ветерани.

„На 21 септември, пред десет  дена, по предлог на Извршниот Комитет, Централниот Комитет донесе одлука за промена на правилникот за работа на ВМРО-ДПМНЕ, со која промена  УВ се изедначи со правата и обврските со УМС и УЖ. Ја добивме довербата и затоа што ние сме чувари на аманетот и идеалите на Илинденците и партизаните, запишани во документите на Крушевската Република и АСНОМ, кои денес се испоганети од челниците на СДС.

Мораме да ја оправдаме оваа доверба што ни е дадена!

Браќа и сестри, секој почеток е тежок, така и нашиот почеток како УВ не беше едноставен, беше тежок но сепак многу се сработи. За ова релативно кратко време Формиравме: 72 општински УВ, 1116 УВ во Месните Комитети, регистрирани се 34.200 членови од редовите на УВ низ цела Македонија“, рече Јаковлевски.

Додаде дека Унија на Ветерани заедно со сите партиски структури активно учествуваше на последните локални избори, на кои убедливо победивме во 42 Општини, следејќи ги упатствата на партиското раководство се направија повеќе 100-тици средби низ целата држава.

Јаковлевски ја искористи оваа прилика, во името на Извршниот комитет на Унија на Ветерани изрази длабока почит кон Општинските Унии на Ветерани, за се што направиле и се што понатака ќе прават за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

„Благодарение на посветеноста и одговорноста кон предизвикот пред кој македонскиот народ е исправен во најтешкиот период од своето постоење успеавме да го извлечеме најдоброто од нас. Сето тоа зачинето со грижа на совест, дали сме направиле се за својот народ и за татковината Македонија, како основачи на ВМРО-ДПМНЕ и втемелувачи на самостојна Република Македонија“, истакна Јаковлевски.

Во својот говор, Јаковлевски се осврна и на состојбите во Македонија, при што потенцираше дека ситуацијата е многу сериозна и дека партиите на власт СДСМ и ДУИ се занимаваат само со лоповлук и распродажба на македонските национални интереси.

Додаде дека за неколку месеци ќе има избори на кои ќе им се стави крај на нивното владеење, но повика и на масовна излезеност затоа што секој глас ќе биде важен за рушење на актуелната власт.

„Браќа и сестри ветерани, Состојбата во Македонија е многу сериозна, СДС и ДУИ освен лоповлук и распродажба на национални интереси ништо корисно не направија. Сменија име, идентитет, менуваат историја, местат тендери, трошат државни пари за незапочнати и без проекти- патишта, ги полнат сопствените џебови, крадат лекарства од пациенти со најтешки болести, а наши граѓани умираат.

Им се ближи крајот. За неколку месеци ќе има избори. Не чека голема работа, а ќе успееме ако сме сплотени и обединети. На наредните избори, потребна ќе биде масовна излезеност. Да не се залажуваме и да кажеме и без мојот глас ќе победиме. Секој оној кој што така мисли, прави корист за СДС и ДУИ. На наредните избори потребен ќе е секој еден глас“, рече Јаковлевски, додавајќи дека треба ги засукаме ракавите и на наредните избори да обезбедиме над 61 пратеник.

1Godisna Konferencija 4

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.