Среда, 04 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
КАКО ДА СЕ ЗАЧУВА НАЈГОЛЕМАТА ИСЕЛЕНИЧКА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА УКУМ ?

1bli2

Распишаниот  конкус за стипендирање на талентирани студенти преку организацијата „Македонија 2025“ од Соединетите Американски држави и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) и дека најголемата иселеничка фондацијата „Атанас Близнакоф“ за 2023 година, преку која годишно се издвојуваат над 300 илјади САД долари, е повод за овој текст.

Со сет респект кон организацијата „Македонија 2025“ која е формиранаво 2007 година во Краун Поинт, Индијана, и која има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекување на странските инвеститори во Македонија, а целта на нејзината мисија е Македонија во 2025 година да биде многу блиску до развиените земји во Европа.

Во Бордот на директори на „Македонија 2025“  има заслужни личности кои навистина сакаат да и’ помогнат на Република Македонија. Меѓу нив се: Мајкл Чкламовски, Мајк Зафировски, Робер Арсо, Џон И. Битов и  многу други кои ја водат ова организација која се бори за подобра и светла иднина на  Република Македонија.

Програмите на „Македонија 2025“, придонесуваат за развојот на Македонија преку тековните, но и нови стратешки цели кои се поделени во неколку области: забрзување на обуката за лидерство, проширување на можностите за млади таленти, зајакнување на растот на бизнисот, вклучување на искусни експерти, забрзување на дигитализацијата во Македонија и поголемо поврзување со дијаспората..

Исто така, во врска со активностите на организација „Македонија 2025“ треба да се нагласи дека  на годинешната гала вечерата што се одржа во Чикаго под мотото „Патот до просперитетот“, над 400 гости, Македонци од дијаспората, пријатели и поддржувачи на развојот на македонската демократија од Соединетите Американски Држави (САД) и Канада беа дел. Гала вечерата во организација на „Македонија 2025“ имаше донаторски карактер, а беа собрани 1,3 милиони долари кои ќе се насочат во зајакнување и проширување на постојните програми на организацијата кои се наменети за зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата, развој на лидерството и образованието.

Пред многубројните гости и поддржувачи се обрати претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“, Мајкл Чкламовски кој во својот поздравен говор се осврна на почетоците на организацијата и визијата и целите, поставени од идејниот основач Џон Битов сениор кој по покана на поранешниот претседател Борис Трајковски, обединил неколку лица од дијаспората за да го помогнат развојот на Македонија со своето знаење и контакти.

Исто така претседателот Стево Пендаровски, кој е и долгогодишен партнер и поддржувач на активностите на „Македонија 2025“, беше главен гостин на Гала вечерата. Тој во рамките на своето обраќање го подвлече значењето на соработката и јакнењето на врските со дијаспората.

На Гала вечерата во Чикаго претседателот Пендаровски додели три награди: две Признанија за придонес на припадниците од дијаспората кои им беа врачени на двајца истакнати македонци од дијаспората – Стенли (Наце) Томас од Канада и Влатко Андоновски од САД, а највисокото државно признание, орденот „8ми септември“ му беше доделено на Дејвид Калхун, главен извршен директор на Боинг, за неговиот придонес за развивање на македонско-американските односи.

Гала вечерата и се што прави „Македонија 2025“ е за почит. Меѓутоа, се прашуваме дали со новиот распишан конкус за стипендирање на  талентирани студенти во прва година преку организацијата „Македонија 2025“ и Универзитетот „Свети Кирил и МетодиЈ“ (УКИМ) преку фондацијата „Атанас Близнакоф“  доаѓа до раздвојување и таа е  на распетие, бидејќи располага со околу 5,5 милиони американски долари.

Меѓутоа, организацијата „Македонија 2025“, во врска со фондацијата „Атанас Близнакоф“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која постои 46 години како дар од еден македонски иселеник, пишува  дека  во 2018 година, во Соединетите Држави била основана Сестринска фондација, која отклучи 5 милиони долари кои биле чувани од смртта на Близнакоф во 1998 до 2018 година..

Тоа помогна од 2023 година, „Македонија 2025“  да е партнер со „Фондацијата Атанас Близнакоф“ во Соединетите Држави за да ги администрира претстојните отворени повици и да обезбеди континуитет на правата за стипендирање за сегашните студенти. Затоа, „Македонија 2025“ сака да изрази благодарност до „Фондацијата Атанас Близнакоф“ во Соединетите Американски Држави за поддршката на студентите во Македонија.

Инаку, фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје е прва од ваков вид во Македонија, која постои  46  годишно и која создава голем интерес кај студентите, јавноста во Република Македонија и меѓу македонските иселеници. Тоа, пред сè, е гордост и радост на своите донатори Атанас Близнаков и неговата сопруга Славка; подарок за младите и за Македонија, но и поттик за другите добродетели, без разлика каде живеат, да и’ помогнат во забрзувањето на економскиот и културениот развој во својата земја.

За животот и делото на Атанас и Славка Близнакови се напишани две моногравски дела. Монографијата „Атанас Близнакоф” (2000), на македонски јазик во издание на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и тогашното Министерство за иселеништво на Република Македонија од авторот Славе Николовски-Катин  и монографијата „Атанас Близнакоф” (2017), на македонски и на англиски јазик. во издание на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” исто така од Славе Катин.

Монографиите се документи за Атанас Близнаков, доблесен иселеник, за кого постојано ќе навираат спомени, а најмногу ќе се потсетуваат студентите – стипендисти на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, за неговото хумано и патриотско дело, зашто тој останува да живее во историјата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на македонското иселеништво, на македонскиот народ и на Република Македонија.             

Во целиот свој животен пат делбата на Македонија ја сфаќаше како трагедија и погуба за македонското дело. Затоа со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф”, тој беше убеден дека ќе даде драгоцен придонес за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, за македонскиот народ и за Македонија, а во исто време тоа ќе претставува поттик и инспирација за идните генерации во иселеништвото и пошироко.

Осумнаесетти април 1977 ќе биде запишан со златни букви во аналите на Фондацијата “Атанас Близнакоф”. На тој ден се одржа 148. пленарна седница на Советот на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ од Скопје и тоа остана светол момент, и значаен настан во животот на Атанас и Славка Близнакови. Всушност, на 18 април 1977 година беше поставен камен-темелникот на оваа добротворна организација.

На седницата беше донесена одлука за основање на Фондацијата “Атанас Близнакоф”, да обезбеди стипендии за студентите на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ од Скопје во втора година, кои постигнале извонредни резултати во нивните студии, но кои немаат доволно пари да плаќаат за нивното образование. Голема благодарност од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и од студентите и почит кон починатите Атанас Близнаков и неговата сопруга Славка Близнакова. Затоа, името „Атанас Близнаков“ го носи Домот за посдипломци во Скопје.

Фондацијата има свој Статут по кој работи. За остварување на целите и задачите на Фондацијата се грижи Управен одбор чиј претседател е ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а потпретседател и доживотен член сум јас, авторот на овие редови Славе Катин.

Статутот за Фондацијата „Атанас Близнакоф“  и Тестаментот на Атанас и Славка Близнакови ги направи почитуваниот професор  на Правниот факултет Иво Пухан. Во нив нигде нестојат фамилијарности или сестринство, бидејќи тие се трајни документи. Затоа  Сестринската фондација на семејството Кутановски ја нема во документите на Фондацијата, а секако дека имало семејна близкост меѓу семејствата Близнаков и Кутановски.

Во врска со средствата на Близнаков треба да се нагласи дека во 1991 година, во тие немирни времиња Атанас и јас (бидејчи во мене имаше целосна доверба) отидовме во Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје да се консултираме за тоа што да правиме со средствата на Фондацијата. Ни’ беше советувано средствата да се префрлат во „Пруденшиал сеќурити“ во Чикаго.Знаејќи дека во САД се води голема грижа за фондации, Близнаков ги префрли средствата.

Во 1995 година отидовме со секретарот на УКУМ Сековски во Чикаго за да потпишеме за средтствата, на кој јас бев овластен потписник. После тоа патување, во период од дванаесеттина години мал беше интересот на Ректоратот кон Фондацијата. Се’ до 2018 година кога ректорот д-р Никола Јанкуловски и тогашниот проректор, а денес ректор проф. Билјана Ангелова и јас како автор на втората монографија за Фондацијата и Атанас Близнаков отидовме во Канада и САД. Првата промоција се одржа во Македонската православна црква „Св, Кирил и Методиј“ во Чикаго, пред голем број Македонци, но без присуство на поканетите претставници на Конзулатот на Република Македонија.

Бидејќи Атанас Близнаков беше и македонски и американски држајанин, сметам дека Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, јас како потписник на средствата ја замолувам да му помогне на Ректоратот на УКИМ со цел да нема злоупотребИ и да се вратат средствата на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во Република Македонија.

СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.