Четврток, 05 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
СДС и ДУИ водат попустлива надворешна политика

1vmro 6

СДС и ДУИ водат попустлива надворешна политика, Македонија се условува со работи кои не се барани од останатите земји кога пристапувале кон ЕУ

Надворешната политика на власта на СДС и ДУИ е попуслива, нема основен принцип да го заштити националниот интерес и оди по пристапот „се што ќе побараат ќе удоволиме“ и така дека ќе бидеме добри и успешни. Но министерот за надворешни работи Османи чија политичка партија поголем приоритет им се игрите на среќа отколку државниот интерес, самиот го потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше, дека ова нема да биде последно барање од Бугарија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели дека мора стратешки да се поставиме кон сите овие прашања, кажа Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната дебата во Кочани насловена „И Европа и Македонија, интеграција и идентитет“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Покрај Муцунски свое обраќање пред присутните имаше и професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која кажа:

„Овие конфузни луѓе кои себеси си противречат ден за ден, како што гледаат граѓаните, не може да бидат државници. И тие не знаат што е национален интерес. А, Уставот ги изразува и ги штити националните интереси“. По што нагласи : „Можеме да влеземе во Европа со она различното што го имаме за да и го дадеме. Бидејќи ЕУ е единство на различности“, порача пратеничката.

Силјановска Давкова потенцира дека власта никој не ја овластил да менува Устав, за тоа треба да се праша народот.

Согласувајќи се со Муцински и Силјановска Давкова, професорот Александар Спасеновски меѓу другото констатираше:

Од нас како што можеме да видиме, за жал, тоа е предмет и на истражување и на примери во учебници, многу често се барале, а за жал и денес се бараат исполнување на критериуми, завршување на определени работи, реализирање на определени обврски кој што не се дел од основните обврски кои што беа исправени пред други држави членки на Европската Унија и тоа, за жал, е една тажна реалност во која што живееме и која што постојано ја повторуваме. Во таа смисла, сметам дека ова кое што сега како тема е исправено пред нашата држава, не е воопшто добро, не е воопшто вообичаено и е нешто кое што, навистина, може да има сериозни последици врз самата држава“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.