|
||||
За секој криминал кој ќе се докаже, ќе има одговорност |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при вчерашната посета во Велес во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ беше запрашан дали актуелната влада ќе одговора за криминалите кои што ги направи изминатите години. Едно прашање за криминалите на оваа власт, дали ќе одговараат, беше прашан претседателот од еден од присутните граѓани. За секој криминал што ќе го докажеме ќе има одговорност и ќе одговараат. Бидејќи ќе нема пардон, рече Мицкоски. Значи 10 милијарди евра земаа, а ништо не направија, а парите ги нема, дали ги земаа дали ги украдоа, на што ги потрошија, додаде еден од присутните граѓани, на што претседателот Мицкоски порача дека ќе нема пардон за криминалот и во тоа никој да нема дилема. Апсолутно, нема дилема за тоа. Ниту пак некој има дилема за тоа. Ќе одговараат за сето она што ќе биде докажано, а има основано сомневање за многу криминали. Ги амнестираат криминалците и мислат дека амнестирајќи ги криминалците, нагласи Мицкоски на што доби одговор од граѓанинот дека власта сака да избегне одговорност за сторениот криминал. Значи со помали казни, а со поголеми пари да лежат помалку во затвор, додаде граѓанин. Тоа е едно и второ сега со новиот закон за амнестија мислат ќе ги амнестираат криминалите и тие ќе им помогнат на изборите со насилство да останат на власт, смета Мицкоси. Исто како минатиот пат што направија кога ги ослободија криминалците, рече еден граѓанин. |