Среда, 18 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Сега е вистинскиот момент да сите ние направиме нешто за иднината на нашата татковина Македонија

1bna

Мицкоски: Ќе сакаат да ве демотивираат, но секој еден е важен, следните избори се референдумско изјаснување во која насока ќе се движи и каква иднина ќе има Македонија

Сакам да укажам на важноста на моментот од кој произлезе и самиот наслов на оваа теренска активност, а тоа е „Важно е!“. Важно е од тебе, од вас зависат промените, важно е да се запали црвената сијаличка, веќе не сме 5 до 12, можеби е 12 и 30 и сега е вистинскиот момент да сите ние направиме нешто за иднината на нашата татковина Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на средба со граѓани во Миравци во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ преку оваа теренска активност го повикува секој еден граѓанин да не седи дома, да не остане надвор од процесот на промени туку директно да се вклучи и да влијае на промените.

- Ќе има многумина кои ќе сакаат да ве демотивираат, да ве обесхрабрат, ќе има многумина кои ќе ви велат дека „секако ВМРО-ДПМНЕ победува, до мојот ли глас дошло?“. До секој еден глас е дојдено, до секој еден човек е дојдено затоа што следните избори и претседателски и парламентарни се референдумско изјаснување во која насока ќе  движи Македонија и каква иднина ќе има Македонија, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека прашањето е дали сакаме ваква предводена од СДС и ДУИ полна со криминал, корупција, политички криминалци кои наместо да гледаат за иднината на својот народ, гледаат само за сопствената иднина и џеб или иднина која ВМРО-ДПМНЕ ја ветува со јасен план за развој и економски просперитет.

- Дали иднината повторно ќе продолжи да ни биде онаква каква што изминативе години ја симболизира преку она што се симболизира преку она монструозно и грозоморно дејство на Клиниката за Онкологија, каде поединци на маката на луѓето печалеле или иднина која ние ја нудиме  со јасен план и визија за едно модерно вистинско здравство кое ќе одговори на потребите на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дали сакаме иднина каква имаме денеска кога нашите најмили, нашите деца и покрај тоа што помина месец и половина од почетокот на учебната година се уште немаат добиено учебници за да може наставниот процес да го следат внимателно и стекнат знаење, или иднина во која ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека има план, има визија и има стратегија како до вистинско образование.

- Како редовен професор на УКИМ знам која е маката на моите студенти и нема потажно кога 8 до 10 студенти на моето прашање како и каде понатаму ми даваат одговор некаде надвор, се чувствуваат обесправени, посочи тој.

Мицкоски се осврна на уште еден горлив проблем во земјава и истакна дека изборот е дали иднина каде што криминалот и корупцијата ќе бидат главен сврзен елемент во владата, тендерите во четири очи, богатењето на грбот на граѓаните или транспарентноста и отчетноста. 

- Поминаа речиси две години од последните локални избори и јасно беше дека очекувањата не беа такви, но две години нема сомневање за сторен криминал и корупција на ниту еден човек од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека од друга страна во владата кај ДУИ и СДС гледаме на дневна основа. Затоа кога ви велат дека не зависи од вас, дека се е решено, дека попусто е, да застанете и да се борите до крајната цел, Македонија онаква за кава сонуваме и замислувавме. Не треба да престанеме да се бориме. Ако доволно силно се бориме ќе стигнеме до крајната цел и Македонија ќе биде она за кое секој сонуваше, модерна и европска развиена земја, нагласи Мицкоски.

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.