Сабота, 21 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија

3il1

Рашела Мизрахи за Онкологија

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“, меѓу кои и дека не знаел за постоењето на КАТО системот за следење и контрола на лековите, а бил советник на тогашниот министерот за здравство, Никола Тодоров кога системот е набавен.

„За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководење со министерството, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа и 45 минути имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот КАТО систем“, вели Мизрахи.

Додаде дека за нејзе, „Не знам“ е најстрашниот одговор за политичка фигура која што била на раководна позиција, каде што политичката функција не ви овозможува да правите што сакате, туку ви овозможува да раководите политички во рамки на законите кои што се предвидени во дадениот сектор, значи се раководи согласно закони.

“Минситерот за многу работи е должен, така е пропишано во законот, тука го имаме Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и други подзаконски акти и документи во кој што тој е должен да знае што се случува во неговиот сектор. Одговорот „Не знам“ за мене е апсолутно неприфатлив и сметам дека господинот Венко Филипче, и можеби и подоцна во текот на сослушувањата ќе биде уште еднаш повикан, согласно документацијата која што ќе ја разгледуваме, да можеби се потсети на некои од работи од минатото. Интересно е што на пример од раководителите на ФЗО имавме убави солидни одговори, меѓутоа кои што не се поклопуваа во делот на контролната улога на ФЗО. Значи министерот бил должен да знае и бил должен да знае за функционирањето на целокупниот систем, вклучувајќи го и Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа и директорите на фондот биле должни, преку своите надлежности, да знаат што се случува. Зошто? Заради тоа што во фондот имате сектор ‘контрола’“, истакна Мизрахи.

Мизрахи посочи дека, согласно извештајот на ДЗР, кој што е доставен до сите членови и заменици членови на комисијата, директорот со свој потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија на Онкологија.

„Во извештајот на Државниот завод за ревизија, ние допрва ќе ја отвориме и целата документација на онкологија која што е доставена до сите членови, заменици членови на Анкетната комисија. Јас лично ја имам разгледувано, меѓутоа не е помината на седница формално за да давам исказ по истата. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи на што новинарот запраша, значи директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, при што Мизрахи одговори „Биолошка терапија, да, апсолутно да“.

Понатаму новинарот констатира дека  сепак за тоа морало да има стручен колегиум, на што Мизрахи јасно посочи дека во овој случај таков колегиум немало, што, меѓу другото, преставува прекршување на статутот на самата клиника.

Таа додаде дека остава можност, Анкетната комисија да утврди што точно се случувало на клиниката, ќе ги видат документи и ќе ги ислушаат сите сведоци, меѓутоа согласно документацијата од ДЗР е ова што до сега го кажува.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.