Понеделник, 23 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода

6il

Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода и затоа сакаат многумина други да ја присвојат и да ја прикажат за своја изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа, при што потенцираше дека ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја тогаш никако не можеме да одиме напред

-И треба да бидеме исклучително горди на нашето дело бидејќи нашата слобода независно што велат и пропагираат нашите соседи, му припаѓа пред се на пожртвуваниот македонски народ кој даде пот, даде крв, даде животи за ова што денес го живееме. И иако сме можеби малуброен народ не треба да се заборави, гледајќи ги ваквите светли примери за кои говорам дека ние имаме херои кои платиле скапа цена, многу поскапа од многу други народи за нашата држава и за нашата независност, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО е на секој Македонец, но оваа власт се откажува и од тоа, но и од АСНОМ и историскиот континуитет на Македонецот.

- И навистина со мачнина гледам кога вакво една македонска историска драма од која речиси секој сосед сака да приграби малку, помалку срамежливо се одбележува овој ден од страна на официјалните власти. И тука не се работи за некоја голема промисленост или стратегија, туку ситнодушност која не им дозволува да видат дека ВМРО е на секој Македонец. Секако дека тоа нивно однесување не е репер, затоа што тие и од асномското партизанско движење се откажаа, но во историјата и за нашата нација важно е да се запази историскиот континуитет на нашата борба и лулката на организираната борба која несомнено произлезе од оваа организација, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО секогаш обединувало, леви и десни, сиромашни и богати, интелектуалци, земјоделци, работници и била поголема од секој поединечен интерес.

-  Чувството кое сакаат денес да го наметнат на мал и обесхрабрен народ, на луѓе кои мора да молат за својата иднина е само сликата со која сакаат да го скршат нашиот непоколеблив дух кој победувал многу поголеми предизвици и се издигал над многу поголеми ужаси. Ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја тогаш никако не можеме да одиме напред. Кога дојдоа на власт во таа колективна хипноза на уништување и прогон каде се колнеа во слоганот кој не само што не го спроведоа туку и самите си го испоганија, нема правда нема мир, воведоа едно колективно беснило и лудило на деструкција каде мораше да се избрише секоја трага на тоа управување, каде не велам дека немаше пропусти, но имаше премногу добри работи кои се направија и оставија и кои природно му припаѓаат на овој народ и на Македонија, рече Мицкоски.

 

Историја

News image

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров, 4 Јануари 1924

Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со са...

Иселеници

News image

ЖИВОТНИТЕ ПАТИШТА НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Руската сказна за царот Македон

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.