Недела, 29 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Среќна 19та годишнина на ОМД!

1omd2

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е основана на 28 октомври 2004 година, со цел да служи како професионален, упорен и непоколеблив глас за Македонците во дијаспората. За овие 19 години станавме водечки промотер, лидер и заштитник на македонските интереси ширум светот. Од идеа, ОМД се претвори во македонска гордост и глобален стожер на македонизмот.

Среќна 19та годишнина на ОМД!

За овие 19 години, ОМД беше во првите ровови во светските центри бранејќи го променувањето на името, борејќи се за основните права на самоопределување и посочувајќи ги константните прекршувања на човековите права на македонските малцинства во Грција, Бугарија Албанија. Го постигнавме ова поради твојот допринос кон нашата организација. Нашиот успех е и Ваш успех!

Како и Република Македонија, мала држава, со големо срце, така и ОМД, со ограничени ресурси но со голем ентузијазам работеше да созаде мост помеѓу татковината и Македонската имиграција. Со ОМД, Република Македонија доби независен глас во Вашингтон, како и низ останатите градови низ светот. Со ОМД, Македонија доби културен промотер, заштитник на нашите древни историски богатсва и традиции.

Држевме конференции каде се зборува тешки теми за човекови неправди, одржувавме состаноци со светски лидери борејќи се за да не признат за да можеме слободно да нарекуваме Македонци, промовиравме културни настани со нашата музика, филм, ора. И секогаш го правевме тоа гордо веејќи го нашето црвено знаме, пеејќи ја нашата химна, следејќи ги идеалите на Гоце, Даме, Ченто.

Но борбата продолжува. Ова се историски моменти кога демнее опасноста на станеме СевероМакедонци. Да се збрише нашиот македонски идентит, нашата милениумска историја, нашата нација. Сведоци сме на обиди да се ревиозионира историјата и да се отсече трагата на македонската самосвест и определеност која постоела со векови. 

Сакаат да ни ја грабнат нашата Македонија. Сакаат да го грабнат ова свето место, и овој свет народ и оваа света традиција. Да ни го грабнат Свети Кирил, Свети Методиј. Свети Климент. Додека постои ОМД, тоа нема да се случи!

Мора да се надминат партиските разлики и македонците да се фокусираат на патриотските цели. Да работиме за иградба на силна и цврста Република Македонија. 

Опколени сме со институционален расизам, од внатре и надвор и мораме да сме обединети од било кога. Нашата татковина ни ја грабаат внатрешни криминалци.

Благодарение на вас, наши членови, наши донатори и наши пријатели, ОМД никогаш не била во посилна позиција да води широк спектар на застапување, развој на младинско лидерство, волонтеризам и образовни, добротворни и културни програми. Имаме програми каде се повеќе ја зближуваме дијаспората со тактовината. 

Ќе посочам неколку успеси што ОМД ги направи минатата година:

  • Се одржа првиот историски Форум за човекови права во Солун во Грција!
  • Обезбеди резолуции и прогласи за месецот на македонско-американското наследство во Сенатот на САД, од гувернерите на Мичиген и Илиноис, градоначалниците на Чикаго, Њујорк и Рејнолдсбург, Охајо.
  • Финансираше часови по македонски јазик во македонската дијаспора, со над 60 ученици.
  • Финансираше часови по македонски јазик во Грција, преку напорите на ОМД Австралија.
  • Беше домаќин во Македонија на 11 студенти преку Birthright Macedonia.
  • Додели 20 Битов стипендии, преку канадскиот добротворен партнер Нова Генерација.
  • Организираше прв симпозиум во историјата на Македонија кој ги донесе владата, опозицијата, академиците, бизнис заедницата и граѓанското општество на маса за да разговараат за предизвиците со кои се соочува македонското општество.
  • Ја предводеше првата конференција на жените на Македонија во Вашингтон.
  • Ги собра потребните средства за 16-тиот културен фестивал Македонско лето во Албанија и Младинската ракометна академија во Кичево, Македонија.
  • Лобираше пред повеќе од 80 канцеларии во Конгресот на САД и амбасади, меѓународни организации со седиште во Скопје.
  • Назначи претставници во Бразил и Шведска, и бараме можности за раст во другите делови на светот каде што има Македонци.

И многу повеќе, благодарение на вас! 

Ниту едно од нашите достигнувања во изминатите 19 години не можеше да биде возможно без вашата поддршка.

Ако сакате да го видите континуитетот на нашите успеси во иднина за македонската кауза, постојат неколку начини на кои можете да ја поддржите нашата критичка работа во моментов.

  • Ако дониравте неодамна, не можеме доволно да ви се заблагодариме! Ве молиме раширете ја веста на вашите роднини и пријатели и охрабрете ги да го поддржат ОМД.
  • Донирајте директно за да го заштитите македонскиот идентитет и да го поттикнете застапувањето на ОМД овде.
  • Ако сакате да инвестирате во иднината на ОМД во наредните години со голем или планиран подарок распореден во одреден период до ОМД или Фондот за финансирање на ОМД, одговорете на оваа е-пошта или кликнете овде за да дознаете повеќе.
  • Доколку сакате да станете член или да го обновите вашето членство за 2023 година, можете да го сторите тоа овде.

Без вашата помош, не можеме да опстанеме!

Обединети, можеме да го почитуваме и да му служиме на нашето културно наследство и да се погрижиме следната генерација да знае и да разбере колкава е годоста да се биде Македонец.

Обединети, Можеме! Од се срце ви благодарам на вашата подршка во овие 19 години! Ќе ве замолам да донирата колку што можете.

Александар Митрески

Ко-основач - Обединета Македонска Дијаспора

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.