Вторник, 28 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Лефков: Лефков: Не е премиер Албанец, туку премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија

3th3

Техничката влада треба да се укине за доброто на државата и граѓаните

Кога зборуваме за премиер Албанец, не е премиер Албанец, туку премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија. Погледнете ги последните месеци, години од владеењето, нема ден да нема скандал. Дали е Закон за игри на среќа, дали е купување земјиште, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5.

Лефков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да не функционира техничката влада, но за тоа се потребни измени во Изборниот законик и во Законот за влада. Имаме доволно време тоа да го направиме.

- Доколку власта прифати премиер од ДУИ во ваков момент, ги амнестираат за сите криминали и сомнителни дејанија. Уште претходно предложивме ваков предлог уште во јануари минатата година за кој СДС и ДУИ гласа против. Предложивме укинување на Пржинска влада, но тие рекоа имало време, а сега викаат немало време за измени. Секогаш се изгубени во време и простор. Коалициските игри не треба да бидат на товар на граѓаните. Потребно е да се ослободиме, рече Лефков.

Лефков нагласи дека дури и да не се укине техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на избори, но во корист на граѓаните е да се укине техничката влада.

- Погледнете ги скандалите кои ни се случуваат секој ден. Ајде да го смениме тоа правило. За корист на граѓаните и иднината. 

Секогаш кога се фатени во криминал и кога треба да се отвори дебата како пари од државна лотарија завршуваат кај нивни компании, како тендери завршуваат кај најголемите финансиери на ДУИ се користи флоскулата за напад на Албанците. А и Албанците и Македонците еднакво страдаат од оваа власт која упорно продава празни флоскули за европски фронт, а се претворија во гробари на македонскиот работник, здравство, стандард судство, правна држава.

Видовме како оваа власт со европско знаме носи закони кои се далеку од европски, изјави Лефков.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.