Вторник, 28 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ е против ДУИ да има претседател на техничка влада

1micu9

„Наше очекување е дека Владата односно владејачката коалиција ќе покаже трезвеност, кон тоа што е одговорност кон институциите на системот. Ние подолг период апелираме на одржување на заеднички избори. Па, ако се сеќавате имаше различни информации кои што ги профилираа тие, дури и дека имаше шпекулации дека планираат парламентарните избори да се случат некаде август, септември, дури и да се надминуваат тие рокови. Но, драго ни е што доаѓаат на позиции кои што се извор на наши подолг период“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„Но, на крајот на денот не е релевантно чиви биле тие позиции. Битно е заради предвидливост и на економијата, и на деловниот свет, и на сите наши граѓани зависно од која област тие работат, да знаеме кога се изборите. 2024-та година е изборна година и да можеме да тргнеме напред во рамките на законските исполнувања на сите тие процеси и државата да може во 2024-та година да добие нов претседател и нова Влада која што ќе може да ја води Македонија на вистински патеки“, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека следејќи се што се случува во последниве години во Македонија, апсолутно ВМРО-ДПМНЕ е против ДУИ да има претседател на техничка влада.

„ДУИ е политичка партија која што во моментов, актуелното нејзино раководство и луѓето кои што се нејзини претставници во извршната власт секојдневно гледаме како преку медиумите, истражувачките медиуми, онлајн портали и различни граѓански организации не информираат како тие се извор на скандали и на корупција. И сосема несоодветно е кадарот од таа политичка партија е да ја води идната Влада“, нагласи тој.

Тој посочи дека со сигурност идната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.

„За нас е значајно да имаме коалициони партнери, владина програма, да имаме политики, да дискутираме врз основа на принципи, да имаме Влада која што ќе биде насочена на привлекување на странски директни инвестиции итн.“, појасни Муцунски. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.