|
||||
Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“ |
Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој понеделник, нареден петок, за на крај да каже дека кратење нема Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Од април месец па до сега Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%, па после дека ќе предложат закон за кратење на платите, па дека има работна група, па потоа дека за недела две експертите во владата ќе предложат законско решение за намалување на платите, за на крај сега да каже Ковачевски, без око да му трепне, дека нема да се кратат платите на функционерите.
Се работи за крајно лицемерна екипа која лаже, краде и има милиони на сметките.
Народот ќе ги казни и Ковачевски и СДС и ДУИ за безмилосното лажење, крадење и осиромашување на народот и на државата. Народот ќе ги порамни сметките со оваа влада на демократски начин на избори. Од тоа бегање нема. |