|
||||
Митева: Реалноста е дека Македонија е заглавена во криминал и корупција со власта на СДС и ДУИ |
Митева
Власта го развива криминалот. Власта си го штити криминалот што го прави.
И истрагите кои што би требало да ги покренат ќе направат многу поразлични работи од она што тие се обидуваат да го презентираат во јавноста“, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Анализа“ на ТВ24.
Митева посочи дека не залудно довербата според анкетите во судството е застрашувачки само 2%. Македонија со оваа власт веќе осум години тоне во криминал и корупција. „Така што целиот систем на немање правда, целиот систем на стимулирање на криминалот, целиот систем на барање на оттргнување, или одлепување на човекот кој што им беше вицепремиер во Влада, и прашањето да се сврти кон опозицијата е само очаен обид повторно да се впери прстот кон некој друг, а вината никогаш да не ја согледаат. Се додека имаме една ваква мантра и една ваква реторика ние нема да излеземе од тоа“, рече таа. Митева додаде дека работите треба да се сменат од корен кога станува збор за криминалот и корупцијата. „Реалноста е дека Македонија е заглавена во криминал и корупција со власта на СДС и ДУИ“, нагласи таа. Таа потсети дека веќе два месеци јавноста не виде од Социјалдемократскиот сојуз да ги охрабри правосудните органи да ги покренат истрагите кои што се однесуваат на лицата што се на црната листа на САД, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Струга. „Македонија ќе влезе во ЕУ со чиста и совесна власт, која што нема да злоупотребува европски фондови, која што нема да најмува фирми кои што се занимавале со долна облека за изградба на коридори. Македонија ќе влезе во ЕУ со Влада која што ќе донесе промени за подобра иднина и кои што ќе значат рестарт на системот во Македонија, кој што сега е во колапс“, заклучи Митева. |