|
||||
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ: До сите православни христијани Честит Бадник и Божиќ |
Бадник или Коледе е денот пред роденденот на Исус Христос, паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството. Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат. Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др. Коледарска песна 1.Коледе, леде! Паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца. Гусќини, гусќини! О, о, коледе!
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ До сите православни христијани Честит Бадник и Божиќ Христос се роди! Вистина се роди!
|