|
||||
РАЃАЊЕТО НА ИСУС - КЛУЧ КОН ВЕЧНОСТА |
Утрото се раѓа, пред Божиќ – Коледе. Сетете се на децата под ножот на Ирод, на детето заклано што паѓа - за да не дојде на овој свет Кралот на Спасението. Пејте за бебето Бог Исус, родено за ваша мудрост и мир, од Вечниот Отец изнедрено, вродено, испратено - дар за ваше зреење на Земјата, за ваше умеење да се учите да се вивнете кон Небесата, за спас ... не со урааааниум ни златно зло, но со духовна сила на верата во Доброто, сила поголема од секое знаење и сечија моќ. Вечерта, на Бадник - нова ѕвезда во Вселената ќе постане знак дека нема да има вечен мрак за луѓето што ќе се спротивстават на лукавиот лажен принц на светлината, но ќе се борат за светоста Божја во човекот признаена. Во вечното време тој космички настан тогаш постана видлив за сите страни на светот. Од разни раси и вери, мудреци ја следеа ѕвездата, зрак што ги покрена да се поклонат пред Светлината на Бог во новороденчето, Богочовекот облеан со света светлина. На Роденденот на Бог во човеково тело, на Божиќ - се роди Ѕвездата на најчовечната љубов. Кога се препозна тоа чудо на вистината - започна и делото на делата, љубовта над љубовта, верата над сите невери, надеж дека со луѓето кои го одбираат Бог, Бог ќе е со нив до крајот на Вечноста, до Бескрајот, до Бесконечноста – да ја слават убавината на чиста човечност, нерасипана по патот на земното усовршувањето, некорумпирана среде лажни добра на ненаситни, подли подземја. БОЖИЌ Е ВСЕЛЕНСКО ВСЕЛУВАЊЕ НА БОГ И ВО ЕДНА ОД СВОИТЕ БЕСКРАЈНИ ФОРМИ И СУШТИНИ –ЧОВЕКОТ. Убедени во тоа, верниците го слават и во 21-от век заедно со научници, денешни мудреци упатени кон интер-галаксии. Да се молиме против чарите на главатарите кои и денес обезглавуваат верници во Исус, иако ќе бидат задушувана во крв. Верниците ќе истраат, се’ додека Исус се обзнани и трајно ги спаси прекрасните души со својата земно-небесна правда. Марија Емилија КУКУБАЈСКА |