Петок, 12 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Голема загриженост и неинформираност на дијаспората во врска со датумот за обнова на личните документи.

Следново писмо, од страна на ОМД, вечерва, ќе му биде предадено на Министерот за Внатершни Работи на Македонија - Оливер Спасовски

 

Почитуван Министер Оливер Спасовски,

Го пишуваме ова писмо за да ве информираме за големата загриженост и неинформираност на дијаспората во врска со датумот за обнова на личните документи.

Нашата организација не ја прифаќа потребата за промена на личните документи, ниту пак одлуката дека документите кои не го содржат новото уставно име ќе престанат за важат на 12-ти февруари 2024 година. Секаде во светот, на лица кои стапнуваат во матичната држава не може да им биде одбиен влез без разлика на валидноста на нивните патни исправи.

На македонците во дијаспората им е обично потребно една година, ако не и повеќе, да извадат нови патни исправи. Нашата организација вложила многу време и труд работејќи со конзуларните претставништва, за да им помогне на илјадници Македонци да добијат државјанства и нови патни исправи. Поставувајќи арбитрарни датуми, како овој во февруари, е многу штетна политика. Повеќе од веројатно е дека многу македонци во дијаспората нема да можат да ги обноват своите пасоши во овој рок, со што ќе биде спречено нивното влегување во Република Македонија.

Исто така, овој арбитрарен датум ќе обесхрабри многу Македонци од обновување на нивните патни исправи. Дали вашето министерство размислило за последиците со кои многу Македонци нема да можат да дојдат во Македонија оваа година, дека нема да можат да гласаат на претстојните избори? Дали вашето министертсво ја разбира големината на навредата кон илјадници Македонци во дијаспората и зголемувањето на јазот со матичната држава?

Покрај предизвиците, сметаме дека настаната ситуација отвора врата за подобрување на услугите за пријавување, издавање или обнова на документација која ние како заедница со години наназад ги бараме од нашата татковина Македонија. Во врска со тоа, го предламе следното:

  1. Продолжување на важноста на документите: Имајќи ги во предвид логистичките предизвици и временскиот рок, Ве молиме да ја продолжите важноста на документите по истекот на дадениот рок од 12-ти февруари 2024 година.
  2. Онлајн услуги за обновување на документи: Имплементирање на онлајн платформа што ќе им овозможи на македонските граѓани кои живеат во странство да се пријават за обновување на нивните пасоши и други важни документи со верификација на нивниот изглед и отисок од прсти. Ова не само што ќе го олесни процесот, туку и ќе ја исфрли потребата од прекумерно патување.
  3. Персонал за поддршка на дијаспората: Вработување на стручен персонал во сите македонски ДКПа, вклучувајќи и амбасади и конзулати, за поддршка на македонските заедници во дијаспората, кој може да им пружи техничка помош на македонските граѓани околу процесот на обновување на документите.

Следствено, сакаме да се осврнеме на прашањето за гласање на претстојните избори. Како ќе им се овозможи на македонските граѓани кои нема да ги обноват патните исправи до 12-ти февруари да гласаат на изборите?

Од суштинско значење е да се обезбедат јасни упатства и механизми за македонските граѓани надвор од Македонија да можат да го искористат своето право на глас како и легитимноста на самите документи за пријава.

Предлагаме:

Специјални одредби за гласање: Имплементација на специјални мерки за гласање за дијаспората, што ќе им овозможи да учествуваат во изборите иако документите истекуваат.

Кампањи за комуникација и информираност: Стартување на комплетни кампањи за комуникација за информирање на дијаспората за процесот на гласање, условите за легитимност и регистрација и било какви дополнителни мерки кои ќе овозможат остварување на граѓанско и уставно право на луѓето кои поседуваат македонски пасош.

Веруваме дека со надминување на овие предизвици, македонската влада може да ја засили својата врска со дијаспората и да ги заштити демократските права на своите граѓани што живеат надвор од земјата.

Ве молиме да го разгледате ова писмо и во најскоро време да добиеме образложување на овие прашања со цел ефикасно да ја информираме нашата македонска заедница во дијаспората,

Со почит,

Арџи Н. Беллио

Претседавач на управниот одбор на ОМД

Методија А. Колоски

Почесен Претседател и член на управниот одбор на ОМД

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.