Четврток, 18 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
ВОДИТЕ - СВЕТОСТА НА СВЕТОТ

 

1mni1

Илустрација: Александар Тодор КУБАЈСКИ*

Водата вади оган од срцето на камен подземен, надземен. Водата води свети пораки од извори на прапочетоци, ги пренесува низ телото небесно - Земјата, низ телото човеково. Водата вади минерали, плодови од утроба на Земјата и здив од Небото. Водата лекува. Водата истекува низ очи на очајот и низ очи на рајот на радоста плачна. Водата е и мачна, солена солза, и млечна доилка на прочистувано растење. Бесконечен конец на струите, на далгите, од алгите до амебите - плива водата, океани пливаат низ неа, до пареа, до снежни молекули, Препород. Водена топка, животна сфера, огледало, бои, спектар. Водата кружно се враќа, одново покани праќа, да не заборавиме светост да славиме: Животот со Бог е траен. Уметноста не е вечна, но е само истечна илузија, отсјај што има крај во стилот, што си игра важност со бои и шари кои не секој ги гледа и не секој ги мари. Но, животот е се’. Животот е тајна бесконечна. Водата животот го чисти, во струи на вечноста тече, во струни на јазикот на вселената - зборот на Бог, во песна на п(р)отокот, знаци на Млечниот Пат, крилја на здравјето на човекот, во векот кога сеуште не пресушиле живи жили, стрели во водата долетани со гулаб на љубовта, гулаб на мирот, свето лекување на тело и душа. Земјата, водена капка во просторот, лежиште на животот. Не давај друг да ти вади води, да ги гори. Водите се света крв крстена на четири страни: земја - небо, човек – Божество.    

*Александар Тодор КУБАЈСКИ

Американски сликар, скулптор, дизајнер, роден во Штип, Република Македонија, СФР Југославија, 1952. Живее и работи во Калифорнија. Студирал на УКИМ, дипломирал економија и сликарство на California State University, Chico, USA. Самостојно и групно изложувал во Шведска, Данска, Франција, Италија, САД: Лос Ангелес, Беверли Хилс, Вашингтон, Санта Моника, Енсино, Лагуна Бич, Хај Поинт, Северна Каролина.Основач и директор на Galerie Kubaiski, Studio City, Los Angeles; Su-Cont Art Gallery, Chico, California. Застапуван е во книги поезија на Марија Емилија Кукубајска, со интердисциплинарниот концепт Арт-По, уметност и поезија. www.kubaiski.com  

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.